Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски : Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски : Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија
Агровести

Трипуновски : Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија

Објавено 14/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), каде што доби целосна поддршка за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”.

„Денеска остварив важна средба со претседателот на СКСЗМ, каде ја презентирав кампањата која ја започна нашето министерство. Презентацијата опфати сé што е постигнато досега во делот на афирмацијата на кампањата”, истакна министерот Трипуновски.

Министерот изрази задоволство од позитивниот одговор на стопанската комора – „Ме радува фактот што СКСЗМ ја прифати кампањата со целосна поддршка, ова претставува важен чекор за нашите заеднички цели.”

Кампањата има јасна мисија – да им се даде препознатливост на македонските земјоделци и нивните квалитетни производи.

„Целта е да му се даде епитет на македонскиот земјоделец за производство на високо квалитетни македонски земјоделски производи. Дополнителен ефект кој го очекуваме е да им помогнеме на македонските компании кои вршат преработка на домашни земјоделски производи”, објасни министерот.

Според Трипуновски, кампањата ќе има директно влијание врз економскиот развој – „Преку оваа иницијатива ќе ја раздвижиме домашната економија и ќе ја зајакнеме позицијата на македонските производи на пазарот”.

„Како министерство, ние сме во директна комуникација со коморите од кои добиваме силна поддршка, но исто така и со маркетите. Веќе сме во фаза на дистрибуција на специјални ознаки за цени на македонски производи во маркетите”, рече Трипуновски.

„На дигиталната платформа која ја презентиравме активно тече процесот на регистрација на земјоделците, преработувачите и трговските објекти”, дециден е  министерот.

Трипуновски се заблагодари на  поддршка од страна на Стопанската комора на Северозападна Македонија и изрази надеж соработката да продолжи и продлабочи и во иднина.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:визијаекономијаЗемјоделски производиМакедонско најдоброТрипуновски
Претходен напис На 31 август истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
Следен напис ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?