Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На 31 август истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На 31 август истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
Агровести

На 31 август истекува рокот за аплицирање за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија

Објавено 14/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија.

-Право на аплицирање имаат домаќинства: со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, домаќинства со потполно слепо лице и домаќинства со потполно глуво лице. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство, посочуваат од Министерството.

Потребна документација: Пополнето барање (Обрасци 1, 2, 3 и 4 – според категоријата – домаќинство со едно или повеќе лица со попреченост со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице); Изјава за веродостојност на податоците, заверена на нотар; Фотокопија од решение за стекнато право на корисник на посебен додаток; Фотокопија од последна сметка за електрична енергија за 2024 година; Фотокопија од лична карта на барателот; Фотокопија од лична карта за полнолетни лица, извод од матична книга на родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член/членови од домаќинството) .

-Изјавата за веродостојност и обрасците се достапни на веб-страницата на Министерството, во делот „Јавни огласи“ (www.energy.gov.mk). Документацијата може да се достави лично во Министерството за енергетика, на адреса: ул. „Македонија“ бр. 27 – 1000 Скопје, или по пошта, за граѓаните од внатрешноста, прецизираат од Министерството.

Повеќе информации, додаваат, може да се најдат на  www.energy.gov.mk или на телефоните за контакт 071 319 074 и 070 381 162 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот или, пак на електронската пошта : [email protected] .

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Таг:31 августелектрична енергијарокотфинансиска поддршка
Претходен напис ДЗР: ЈП Национални шуми со ниска реализација на планот за производство, зголемени долгови и намалена ликвидност
Следен напис Трипуновски : Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?