Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Телото нe предупредува кога недостига нешто клучно во исхраната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Телото нe предупредува кога недостига нешто клучно во исхраната
Магазин

Телото нe предупредува кога недостига нешто клучно во исхраната

Објавено 06/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Телото вообичаено испраќа предупредување кога нешто му недостига во исхраната, за да се одржи нормалното функционирање. Следат пет вообичаени проблеми што може да бидат предизвикани од недостаток на хранливи материи во телото.

Крвавење на непцата

Тоа може да биде знак за многу нешта, вклучително и гингивитис, но и грубо четкање или чистење со конец. Меѓутоа, неодамнешна анализа откри дека крвавењето на непцата може да биде и знак на недостиг на витамин Ц. Тоа ќе рече – зголемениот внос на овој витамин помага да се намали проблемот со крвавењето. Затоа се препорачуваат пиперки и брокула, а и овошја како портокали, папаја и бобинки.

Запек и надуеност

Тегоби како овие може да укажуваат на недоволен внос на вода и влакна. Запекот може да се намали ако се внесат потребните количини влакна и течности во исхраната. Препорачаните количини влакна се меѓу 25-35 грама дневно од извори како што се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, семки, житарки.

Покрај влакната, хидратацијата е клучна компонента за влошување на запек.

Губење на косата

Оваа појава може да е поради неколку причини. Може да биде генетска или предизвикана од хормонски проблеми… Неодамна имаше извештаи за луѓе кои закрепнале од Ковид-19, а искусиле губење на косата. Тоа може да биде несакана последица од лековите, проблеми со тироидната жлезда или други здравствени проблеми.

Губењето на косата може да укаже и на можен недостаток на протеини и есенцијални масни киселини. Советот на лекарите гласи – сосредоточете се на ниско масни протеини и омега-3 масни киселини.

Црвена кожа

Лошата исхрана и Сонцето во прекумерни количини се непријатели на здравата кожа, нешто што го потврдуваат и многу истражувања. Неодамнешно истражување од Универзитетот на Калифорнија покажа дека типичната западна исхрана (богата со преработена храна богата со масти и шеќер и со низок внос на цели зрна, овошје и зеленчук) причинува појава на воспаление на кожата.

И претходните истражувања покажаа поврзаност со дебелината и состојбата што се манифестира како сува, нерамна и лушпеста кожа. Сепак, новото истражување посочува дека и симптомите на псоријаза може да се појават со лоша исхрана, многу пред промените во тежината. Тука се препорачува разновидна храна, влакна и ограничени заситени масти.

Рани кои бавно зараснуваат

Недостатокот на витамини Б во исхраната може да доведе до бавно зараснување рани по вообичаена мала повреда. Иако постојат многу причини за бавно зараснување на раните (како хронични болести и стареење), некои научни трудови покажуваат дека причината може да биде и недостиг на витамините Б. За поголем внос на овие витамини, се јадат цели житарки, помалку масно месо, јајца, мешунки и плодови од зелениот зеленчук.

Квалитетот на исхраната може да помогне за намалување на опасноста од хронични болести, по здравјето на цревата и тежината. Следниот пат кога ќе се појави некој од горенаведените симптоми, прегледајте внимателно што јадете, советуваат лекарите.  

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:исхранатанедостигапредупредуваТелото
Претходен напис Берба на грашок
Следен напис Општина Крушево започна со исплатата на штети настанати од природните непогоди во 2023 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?