Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
Агровести

УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

Објавено 01/08/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Управата за јавни приходи спровела 154 теренски контроли за фискализација во периодот од 21 до 27 јули годинава, насочени кон различни типови деловни субјекти. Како што соопштуваат од УЈП, со контролите биле опфатени колонијали, угостителски објекти, туристички агенции и хотели, како и други трговски објекти за продажба на мало.

– Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 154 контролирани субјекти, кај 34 отсто, односно кај 52 од контролираните се утврдени неправилности, согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени се 52 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот, соопштуваат од УЈП.

На пет даночни обврзници, додаваат, им е изречена мерка за привремена забрана за вршење дејност, додека привремено затворени се три субјекти во Охрид, еден во Гостивар и еден во Струга.

– Во Скопје извршени се 43 контроли и при истите утврдени се 9 неправилности; Во Струга, Охрид и Ресен извршени се 64 контроли, а утврдени се 10 неправилности во Струга, Охрид – 14, Ресен – 2; Во Прилеп извршени се 5 контроли, a утврдени се 3 неправилности; Во Струмица и Дојран извршени се 12 контроли, а утврдени се 2 неправилности во Дојран; Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 15 контроли, а утврдени се 6 неправилности од кои 4 во Тетово и по една во Гостивар и Кичево; Во Штип, Македонска Каменица и Берово извршени се 15 контроли и утврдени се по 3 неправилности во Македонска Каменица и во Берово, наведуваат во соопштението.

- Реклама -
Ad image

Од УЈП апелираат сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата. Врз основа на извршените контроли, оттаму велат дека УЈП ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

– Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска, туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници. Почитувањето на законските обврски е заедничка одговорност и темел на одржлив, функционален и фер даночен систем, подвлекуваат од УЈП. 

МИА

Може да ви се допадне

Без струја повеќе улици во Скопје
Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“
За две децении производството на мед намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, 2026 година една од најслабите
МЗШВ: Европската комисија ги издвојува реформските чекори во органското производство, фитосанитарната политика и рибарството
Серафимовски: Со европската поддршка продолжуваме да го модернизираме домашното земјоделство
Таг:даночни обврзницизатворилапет субјектиујп
Претходен напис Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
Следен напис Девет фирми добија покана да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани – Кичево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?