Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Копривата како чудо на природата – лек, храна, но и заштита од болести и штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Копривата како чудо на природата – лек, храна, но и заштита од болести и штетници
МагазинОрганско производствоСовети

Копривата како чудо на природата – лек, храна, но и заштита од болести и штетници

Објавено 04/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се смета дека копривата е најздравиот самоникнат лиснат зеленчук. Старите народи уште од старо време знаеле да ја ценат користа од коренот и листот на ова растение и како лек и како храна но се користи и во органското земјоделство.

Иако скоро на сите ни се познати лековитите својства на копривата, не е лошо да ги повториме, а можеби ќе дознаеме и нешто ново. Според германската митологија копривата била симбол на богот на громот и се верувало дека ако копривата се стави покрај огништето дека нема да удри гром во куќата, па така настанала и познатата изрека „не удира гром во коприва“.

Латинското име на ова чудесно растение е  Urtica dioica  и потекнува од фамилијата Urticaceae.

Богата е со минерали и витамини

Се користи за јакнење на организмот и за брзо опоравување после некоја болест, поради тоа што изобилува со витамини и минерали. Младите коприви се еден од најбогатите извори на витамин Ц, а содржи и витамин А. Богати се со минерали , посебно со железо, па од таа причина копривата се користи како лек за слабокрвност. Помага кај воспаление на мочните канали, спречува настанување на песок и камен во бубрезите и бешиката. Ја подобрува работата на црниот дроби и помага за исфрлање на слузта од белите дробови.

Ги ублажува алергиите на кожата, и се зголемува отпорноста на организмот. Ако се користи како лек треба да се употребува во свежа состојба, како исцеден сок, чај, вариво или супа. Измивањето на устата со чај од коприва ги смирува афтите и воспаленијата на непцата и грлото. Го намалува крвниот притисок.

Го зголемува бројот на црвените крвни зрнца

Ако ја користиме копривата како храна таа се смета како многу моќен зеленчук бидејќи влијае на многу процеси како на пример ја поттикнува функцијата на жлездите, помага во разложување на мастите, белковините и јагленохидратите и останатите состојки на храната. Исто така копривата содржи многу есенцијални киселини и билни хормони.

Многу стручњаци сметаат дека таму каде што не помага класичната медицина, се препорачува да се зема сок од коприва.

Се употребува во шампоните бидејќи е докажано дека копривата ја јакне косата и го смалува нејзиното опаѓање.

Ова растение треба да се користи со внимание –може да предизвика туење.

Сепак постојат контраиндикации па и свежиот сок и свежото растение треба да се консумираат со внимание, бидејќи може да дојде до труење поради хипердермичкото дејство врз слузницата на желудникот. Затоа се препорачува растението и сокот од него кратко да се провријат.

Исто така копривата која се користи за консумација треба да биде млада, пред да се формира семе.

Копривата се користи и во органското производство

Покрај лековитите својства копривата има голема улога и во органското проиводство. Таа е една од ретките растенија која во исто време може да се користи и како ѓубриво, фундицид и инсектицид. Постојат голем број на рецептури за нивна припрема, па еве една која се користи за сузбивање на лисните вошки.

Во борбата против лисните вошки потребно е 1 килограм коприва да се прелие со 10 литри вода. Смесата треба да се остави да стои 24 часа. Потоа се цеди и со тој раствор се прскаат растенијата против лисни вошки.

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Претходен напис Сабина Џолан: работата не е лесна, но знам за кого работам – за своите два сина
Следен напис Црна кокошка: Една од најскапите домашни животни во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?