Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Почнува кампањата: „Македонско најдобро“!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Почнува кампањата: „Македонско најдобро“!
Агровести

(ВИДЕО) Почнува кампањата: „Македонско најдобро“!

Објавено 18/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да го зголемиме домашното производство, неговото значење за вкупната економија, да имаат полесен пристап нашите граѓани до домашните производители, ја започнуваме кампањата „Македонско најдобро“, изјави на прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Кога избираме македонски производ директно инвестираме во домашната економија.

Кампањата ќе бидат присутни секаде, билборди, флаери, постери за повик за регистрација, дигитална кампања и преку МЗШВ преку видеа и успешни приказни презентирани на јавноста.

Изработена е платформа на која може да се логирате и информирате за домашните производи. Ќе има можност за неколку регистрации:

-регистрација за земјоделците

-регистрација за преработувачи

-регистрација за продажните центри со локации

Покана до сите заинтересирани да станат дел од оваа иницијатива, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

„Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”! 🇲🇰

Граѓани, со гордост го најавувам почетокот на кампањата која ќе ја промени нашата перспектива кон домашното земјоделско производство!

Зошто „Македонско Најдобро”?

Затоа што со секој македонски производ што го избирате се:

📌зголемува и зајакнува домашното земјоделско производство;

📌просперитет за руралните средини;

📌подига свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и преработки;

📌обезбедува полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи.

Нова дигитална платформа makedonskonajdobro.mk.

Ги повикувам сите земјоделци, земјоделски задруги, преработувачи и продажни центри:

Регистрирајте се на makedonskonajdobro.mk и станете дел од оваа позитивна промена!

Преку интерактивната мапа „Каде да купам” на дигиталната платформа – автоматски ги прикажува најблиските продажни места со домашни производи во вашата близина.

Наскоро ќе има и мобилна апликација за уште полесен пристап!

Кога избирате домашен земјоделски производ – избирате квалитет, автентичност и допринесувате за иднината на Македонија!

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:иницијативкампањатрипуновскиЦветан
Претходен напис Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена
Следен напис Трипуновски: Имаме сериозен раст на извозот на земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?