Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ: 12 денари по килограм, плус трошоците за транспорт – сметаме дека ова е излезно решение за годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ: 12 денари по килограм, плус трошоците за транспорт – сметаме дека ова е излезно решение за годинава
Агровести

НФФ: 12 денари по килограм, плус трошоците за транспорт – сметаме дека ова е излезно решение за годинава

Објавено 16/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пченицата годинава е со добар квалитет и приносите се задоволителни, вели Националната федерација на фармери (НФФ). Воедно апелира до надлежните институции, особено до Земјоделскиот инспекторат, активно да се вклучат во надзорот на откупот и да обезбедат фер и транспарентна постапка за сите земјоделци.

Според НФФ, покрај постигнатите 12 денари за откуп годинава, потребно е да продолжат активностите за зголемување на приносите, за намалување на производните трошоци, за воспоставување долгорочни и фер односи меѓу земјоделците, мелничарите и откупувачите преку договорното производство, за активирање интервентен откуп во кризни ситуации, воведување нови технологии и економско здружување на фармерите во задруги и организации на производители.

-Преку својот потсекторски систем, континуирано ја следиме состојбата со пченицата, како во делот на производството, така и во делот на продажбата. Оваа стратешка култура секогаш се соочува со предизвици при откупот и високата производна цена. Оваа година, со посредство на МЗШВ, постигнат е договор со откупувачите цената за прва и втора класа да изнесува 12 денари по килограм, со тоа што на оваа цена ќе бидат додадени и трошоците за транспорт и ДДВ, кои ќе ги покријат мелничарите, односно пченицата која се транспортира од региони без млинови ќе има покриени дополнителни транспортни трошоци. Сметаме дека ова е излезно решение за годинава – наведува НФФ.

Федерацијата потсетува дека пченицата е стратешки производ за државата, дефиниран согласно Законот за земјоделство и рурален развој. Останува најзастапена култура меѓу житните, со засеани 69 689 хектари или 44,5 отсто од вкупната површина под житни култури (156 469 хектари).

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денарипченицарешение
Претходен напис Повик за зелени претприемачи: Натпреварот „Зелени идеи 2025“ е отворен
Следен напис Трипуновски: Ветерниот парк ќе придонесе кон развојот на руралните средини и зајакнување на земјоделскиот сектор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?