Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повик за зелени претприемачи: Натпреварот „Зелени идеи 2025“ е отворен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повик за зелени претприемачи: Натпреварот „Зелени идеи 2025“ е отворен
Агровести

Повик за зелени претприемачи: Натпреварот „Зелени идеи 2025“ е отворен

Објавено 16/07/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АРНО го отвори повикот за 11-тото издание на националниот натпревар „Зелени идеи“, кој ќе трае до 27-ми август 2025 година. И оваа година се повикуваат сите кои имаат иновативна идеја или веќе постоечки зелен бизнис да се пријават и да се натпреваруваат за поддршка на нивната зелена идеја. Секоја година, тројца претставници од секоја земја се натпреваруваат на регионално ниво, за финансиска поддршка од 10.000 или 5.000 долари.

Натпреварот во Македонија, 11-та година по ред, го организира АРНО, со поддршка од МКА2000 (вредносни ваучери за консултантски услуги од сертифицирани консултанти), Македонија 2025 (бесплатна регистрација на Connect2MK и менторски услуги) и Стопанската комора на Северо-западна Македонија (двегодишно бесплатно членство). На тројцата национални победници, АРНО ќе додели ваучер за полугодишно користење на ChatGPT Plus.

Во изминатите десет години, преку регионалните награди се инвестирани над 100.000 американски долари во македонски зелени бизниси. Натпреварот ги поддржува оние идеи кои имаат потенцијал да донесат еколошка и социјална вредност, како и економска одржливост. Идеите може да бидат од најразличен карактер: агро-бизниси со локална храна, производство на песто од македонски босилек, тури за набљудување птици, еко-понуди за туристи, дигитални решенија (пример, за споделување превоз), иновации со еко-производи или решенија што претвораат отпад во корисни предмети. Минатата година, регионална награда доби македонски изум – мобилен шпорет за готвење во природа.

Натпреварот е отворен за сите граѓани кои сакаат преку својата идеја или постоечки бизнис да придонесат за одржлива иднина и локален развој. Особено се охрабруваат луѓе од рурални средини, млади, жени и сите кои работат на иницијативи што ги поврзуваат зелената економија и социјалното претприемништво.

„Во време кога светот се соочува со климатска криза, енергетска несигурност, економска нестабилност и војни, зелените идеи не се елитизам, туку потреба. Свесни сме дека е лето, но токму температурите и климатските промени нека потсетат дека нема простор за опуштање. Време е да се работи, да се сака земјата – не со зборови, туку со дела. Поднесете пријава. На Македонија ѝ требаат зелени решенија, и мали и големи. Сега – повеќе од било кога.“ – Ирина Јаневска од АРНО.

Пријавувањето се врши преку пополнување на онлајн формулар, достапен на веб-страницата www.zeleniidei.mk. За сите заинтересирани, АРНО ќе организира информативна работилница со цел разјаснување на процесот и дополнителна поддршка при аплицирањето.

АРНО го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“од 2105-та година и се гордее што досега земјата има регионални победници и вкупна инвестиција од 100 000 долари за развој на зелени бизниси во земјата: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015), инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова – „СПИН“ (2016), платформата за продажба на евтини оброци „Храна за сите“ (2017), едукација преку илузионистички еко-пораки „Грин меџик продакшн“ (2017) „ Био смарт ориз“ производство на ориз на одржлив начин (2019), „Challenger“ мобилна апликација која ги наградува граѓаните за одење пеш (2019) , „Вајс адитив“ зелен бизнис кој произведува прехранбен адитив со преработка на комиње (2020), младинското социјално претпријатија „О-круг“ – производство на ароматизери и масла од отпадни кори од портокал (2021), Ве Дог Фуд (2022)  пилотираше „Инсект соба за производство на протеин за исхрана на животни“, Мирјана Јософоска – моден бренд кој употребува остатоци од текстил за производство на шапки и модни додатоци (2023) и Трајче Рушев кој е иноватор на пренослив шпорет за готвење во природа (2024).  Секој од победниците добива подршка од 10.000 долари или 5.000 долари (во зависност од категоријата во која се натпреварува) за имплементација на зелената бизнис идеја, при што АРНО учествува во мониторинг и евалуација на процесот, и врши дополнително поврзување со други поддржувачи.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:арнозелени идеиконкурснатпревар
Претходен напис Денеска ќе се постави камен-темелник на најголемиот Ветерен парк во Македонија: Инвестиција од над 500 милиони долари
Следен напис НФФ: 12 денари по килограм, плус трошоците за транспорт – сметаме дека ова е излезно решение за годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?