До редакцијата на Агротим, пристигнаа неколку фотографии и изјави на жители од Општина Пласница кои замолија да биде објавен нивниот неколкугодишен проблем што го имаат во тој регион.
Се работи за несовесно однесување на сточарите од нивниот регион кои наместо на планина, овците ги пуштаат на паша на приватни ниви во атарот на селата Пласница, Прегово, Лисичани и село Дворци.

Земјоделците кои се сопственици на овие површини, се жалат дека веќе 6 години го имаат овој проблем и не можат да ги користат нивите.
За оваа неправда што им се случува, велат дека се обратиле до локалната власт и Државниот земјоделски инспекторат. Сите се запознати со проблемот но добиваат одговор дека не се надлежни да постапуваат.
Целта на нивното обраќање до Агротим е јавноста и институциите да се запознаат со овој нивен проблем и да им се помогне, бидејќи велат дека е недозволиво вака некој да покажува самоволие без да има реперкусии.

