Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Скапа храна, иако Албанија го држеше рекордот за уделот на земјоделството во Европа во 2024 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Скапа храна, иако Албанија го држеше рекордот за уделот на земјоделството во Европа во 2024 година
Агровести

Скапа храна, иако Албанија го држеше рекордот за уделот на земјоделството во Европа во 2024 година

Објавено 07/07/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Албанија се соочува со парадокс, каде што цените на храната по првпат во историјата го надминаа просекот на Европската Унија, иако, истовремено земјата има најголем удел на земјоделството во цела Европа.

Најновите податоци од Евростат покажаа дека секторот „земјоделство, рибарство и шумарство“ придонел со 17,9% во создавањето на вкупната економска вредност на Албанија во 2024 година. Овој удел е многу повисок од просекот на Европската Унија од 1,7%, но и повеќе од двојно во споредба со земјите во регионот.

На второто место е Косово, каде земјоделството придонесува со 8,8% од бруто додадената вредност. На трето место е Северна Македонија, со 8,8%, по што следуваат Црна Гора со 6,5%, Турција со 6,3% и Босна и Херцеговина со 5%.

Во регионот, Србија има најнизок удел на земјоделството, со 3,7%, што е пониско дури и од Грција (3,8%) и Хрватска (4,1%).

Во Албанија, придонесот на земјоделството во економијата се намалува со текот на годините, при што во 2019 година овој показател изнесувал 21%, но земјата сè уште останува најземјоделска во Европа.

Фактот дека сме најземјоделска земја во Европа воопшто не помогна граѓаните на земјата да имаат поевтини прехранбени производи. Напротив. Други податоци од Евростат покажаа дека по првпат од 2005 година, кога европската статистичка агенција ги мери податоците, Индексот на цени на храна и безалкохолни пијалаци за Албанија благо го надмина нивото од 100% (100,1%).

Ова значи дека цените на храната во Албанија се за 1% поскапи од просекот на Европската Унија, додека приходите според методот на паритет на куповна моќ изнесуваат 41% од просекот на ЕУ.

Најскапите прехранбени производи за албанските домаќинства во споредба со ЕУ се јајцата, сирењето и млекото, кои скокнаа на 131% од просекот на ЕУ, од 119,5% претходната година. Албанија има најскапи цени во споредба со земјите во регионот.

Србите купуваат храна по цени што се 96,4% од просекот на ЕУ. Во Црна Гора, храната чини 84,4% од просекот на ЕУ, во Босна 83,2%, а најевтино, не само во Европа, туку и во регионот, е во Северна Македонија, со 73,4% од просекот на ЕУ.

Албанското земјоделство страда од длабоко вкоренети проблеми кои започнуваат од фрагментацијата на земјиштето, што не овозможува економии на обем, пониски субвенции од земјите во регионот, ниска конкурентност, нарушување на синџирот на вредности и емиграција што ја намали достапноста на работна сила.

Најновите податоци од ИНСТАТ покажуваат дека сточарскиот сектор е во слободен пад, како во однос на бројот на добиток, така и во однос на количината на производство.

Според ИНСТАТ, во 2024 година во споредба со 2023 година е забележано намалување на бројот на добиток во сите видови животни за месо и млеко, вклучително и кокошките. Намалувањето на бројот на добиток се одрази и на производството на месо и млечни производи. 

ЦНА – Тирана

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:2024АлбанијаевропаземјоделствоторекордотСкапа храна
Претходен напис Издадена забрана за капење и пливање во битолската акумулација „Стрежево“
Следен напис Два полициски хеликоптера го гасат пожарот во околината на Блаце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?