Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
Агровести

Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45

Објавено 06/07/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Минатата година просечната откупна цена на доматот беше под 25 денари, а сега е 45. Само од струмичкиот регион се извезени над 13 000 тони од што се инкасирани околу 10 милиони евра. Цената на пролетната зелка не падна под 35 денари и во просек изнесува 43 денари, а од извоз се реализирани над 30 милиони евра.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски уверува дека и откупната цена на црвената пиперка „ајварка“ ќе биде рентабилна за земјоделците. Во тек е, како што вели, и жетвата на јачменот и пченицата, има зголемување на површините за разлика од лани, а се очекува и зголемен принос.

Според Трипуновски, има сериозна разлика во бројките ако се прави споредба на состојбата сега и лани и тоа производителите го чувствуваат.

-Градинарскиот сектор ја чувствува разликата. Сериозна е разликата од она каде бевме, а каде сме денес. Во делот на останатите култури, имаме позитивна нула, а во одредени сегметни и прогрес. Бележиме успех во пласманот на тутунот, лани производителите добија по 500 денари за килограм заедно со субвенцијата, од 24-те милиони килограми од реколтата влегоа 195 милиони евра. За винското грозје лозарите прв пат добија највисока откупна цена, немаше никакви проблеми со откупот, парите легнаа на нивните сметки. Цената на јаболката не падна под 25 евроценти за килограм, се откупија 90 000 тони и реализиравме 20 милиони евра прилив. Државниот завод за статистика потврди дека бројките се во прогресија. Ако се споредат првите квартали во 2024-та и 2025 година, имаме пет отсто зголемен извоз на земјоделски производи, а откупот и пласманот бележат сериозен раст од 9 до 60 отсто, зависно од културата. Бројките се охрабрувачи, овој теренд ќе продолжи што не охрабрува и мотивира со засилено темпо да го зголемуваме производството, рече Трипуновски на трибина во Струмица.

Во однос на земјоделското земјиште, потсети дека се склучени над 2 000 договори, дека се распределени околу 6 000 хектари, како и дека се раскинати повеќе од 170 договори поради неправилна употреба на земјиштето.

-Контролите продолжуваат, интенцијата на Владата е целосно да се распредели земјиштето за што поголемо производство, подвлече министерот. 

 И во делот на наводнувањето, напомена, има голема разлика од тоа како било порано, а како е денес.

-Наследивме разрушени системи за наводнување, една шајка не беше закована, а чистењето канали беше мисловна именка. Наследивме колабиларно АД „Водостопанство“. Во зимските месеци се подготвуваа системите за наводнување за подготвени да ја дочекаме сезоната. акумулациите беа празни, сега имаат доволно вода. Мнгоу се големи проблемите за брзо и веднаш да се решат, но има битна разлика од она што го наследивме со тоа каква е состојбата денес, истакнаТрипуновски.

Реализацијата на субвенциите ја соопшти директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Илија Стоилев. Информира дека 2024 година завршила со рекордна исплата на преку осум милијарди денари субвенции, а до денес, како што рече, се исплатени 9 милијарди 710 милиони денари.

-Затекнавме една ситуација во која преку една милијарда денари субвенции беа заостанати и требаше да се исплатат. Владата го препозна тој проблем и испрати силна порака кон земјоделците со алоцирање средства за оваа намена. Покажа и испрати силна порака дека нема да ги заборави, туку дека ќе им биде најголем поддржувач. Тоа по една година се потврди. Во 2024 година беа исплатени рекордни 8 милијарди и 400 милиони денари субвенции што е 85 отсто реализација на програмата за земјоделство. До ден денешен се исплатени 9 милијарди 710 милиони денари што е извонреден процент и со оглед на оваа календарска година може да се пофалиме дека околу 85 отсто имаме реализација на Програмата за земјоделство и развој за 2024 година, посочи Стоилев.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:доматизвозтрипуновскицени
Претходен напис ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет 
Следен напис Трамп се закани со царини од 17% на прехранбени и земјоделски производи од Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?