Директорот на Агенцијата, Рефик Џемаили, оствари продуктивна средба со претставници од Италијанско-македонската стопанска комора – CACIM и Претседателот г. Енрико Петрела.
На средбата се разговараше за нови заеднички активности и продлабочување на соработката, со јасен фокус на привлекување на нови инвестиции од Италија.

Италија останува еден од нашите најважни економски партнери, а интересот на италијанските компании за проширување на бизнисот во Северна Македонија е доказ за довербата што ја уживаме како стабилна и перспективна бизнис дестинација.
“Северна Македонија нуди реални можности за развој, и ќе продолжиме со интензивна соработка со комората за реализација на нови проекти и нови успешни приказни,” истакна директорот Џемаили.
