Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“
Агровести

Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“

Објавено 03/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за јавно здравје Велес излезе со препорака за забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“.

Забраната, како што поочуваат од Центарот, ќе важи се додека стручна институција не изврши испитување и да докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини.

Од Општина Велес информираат дека на нивно барање Центарот за јавно здравје Велес на 13 јуни земал примероци на површинска вода од три места на Езеро „Младост“: од локациите „Плажа 1“ , „Брод Панини“ и „Мотел на Велешко“.

По петдневните испитувања во соопштените резултатите на јавната здравствена институција пишува дека „по однос на микробиолошките индикатори водата во велешко езеро оценета е за добра, додека по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по сатурација, 3-та по присутна матност, 3-та и 2-ра класа по присуство на амонијак, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа“.

Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро „ Младост“, Центарот за јавно здравје Велес, констатира постоење на „видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата“.

Граѓаните на Велес се револтирани што веќе втора година не можат да се капат во езерото „Младост“ , кое им е единственото рекреативно место во претоплите летни денови.

Велешко езеро „Младост“ секојдневно и оваа лето е посетено од голем број на транзитни туристи кои ноќеваат во хотелите покрај езерото, на одење или враќање од Грција.

Велешани бараат од надлежните инстуции и локалната власт да донесе дотур на  свежа вода за спас на езерото и неговиот животински и растителен свет.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:велешкото езероЗабрането капењеМладострекреација
Претходен напис Техничката студија за користење на пловечки фотоволтаици на браната Паљурци
Следен напис Џемаили: Италијанските компании го прошируваат бизнисот, доказ за довербата што ја уживаме како стабилна и перспективна бизнис дестинација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?