Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
Агровести

Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Објавено 19/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извештајот на Државниот завод за статистика за земјоделството нотира поголеми инпути и поголеми аутпути што е позитивно за земјоделците на кои им се исплатени над осум милијарди денари субвенции, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би рекол незначителен  1,2  2 отсто зголемен импут во трошоците, во расходната страна на земјоделците.  И тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично. Тоа е одличен параметар, тоа значи  повеќе пари за инвестиции и повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање  на отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Што се однесува до поддршката која ја дава оваа Влада за земјоделците, премиерот напомена дека изминатата година се дадени повеќе од 8 милијарди денари, пари за исплата на заостанати субвенции од 2021 година. 

-Од 2021 плаќавме од 2021, 2022, 2023-та и 2024-та година, мислам дека е заокружена. Сега треба да се размислува за тековната година. Така што  од 2021 година се плаќаат заостанати субвенции од 8,6 милијарди денари, од прилика, објасни Мицкоски. 

Најави дека на денешната седница Владата ќе го  разгледува  ребалансот на буџетот и истакна дека со ребалансот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.

-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии, здравство,… Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитеисплатениосум милијарди денарисубвенции
Претходен напис На Табановце се чека 40 минути, а на Богородица 30 минути
Следен напис Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?