Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции
Агровести

Ребалансот на буџетот на седница на Влада, најавени повеќе пари за општините, за здравството, за повисоки плати, пензии, субвенции

Последна измена: 19/06/2025 13:53
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

На седница на Влада денеска ќе се разгледува  ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството.

-Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки плати, пензии итн.итн. и здравство. Но, после да речеме по усвојување на Предлог буџетот во прво читање во рамките на владината седница ќе биде тоа претпоставувам објаснето пред медиумите, изјави Мицкоски.

Прашан за извештајот на Државниот завод за статистика во однос на земјоделството, каде што е нотирано поголеми инпути и поголеми аутпути и е позитивно за земјоделците и што  можат да очекуваат од ребалансот на буџетот, Мицкоски одговори дека тоа е апсолутно точно, има зголемување на цените кон откупувачите и повеќе пари за земјоделците во нови инвестиции.

-Апсолутно е тоа точно и тоа го покажува новиот Извештај на Државниот завод за статистика и имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз и би рекол незначителен од 1,2 проценти зголемен инпут, тоа во трошоците, во расходната страна на земјоделците и тоа е веќе неколку месеци и тоа е одлично, одличен параметар. Тоа значи повеќе пари за инвестиции, повеќе пари за земјоделците, рече Мицкоски.

 Што се однесува за поддршката што ја дава  Влада, премиерот Мицкоски  напомена дека минатата година е дадена поддршка кон земјоделците  повеќе од 8,6 милјарди денари.

-Пари дадени на земјоделците за исплата на заостанати субвенции од 2021 плаќавме, од 2021, 2022, 2023, 2024, мислам дека е заокружена и сега треба да се размислува за тековната година. Така што од 2021 година се плаќаа заостанати субвенции од 8,6 милјарди денари, изјави Мицкоски, на настан по повод отворање на Македонско село во Скопје.

МИА

Може да ви се допадне

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново
Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството
(ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад
(ВИДЕО-ФОТО) Голем пожар во Крива Паланка – градоначалникот бара итна помош
(ВИДЕО) „Ер трактор“ вклучен во гаснењето на пожарот кај Визбегово
Таг:Владаздравствотопарипензииплатиребалансотсубвенции
Претходен напис Над осум милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците
Следен напис Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?