Ребалансот на Буџетот ќе влезе во собраниска процедура најдоцна до 25 јуни, изјави денес на прес конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа не прецизираше во која насока ќе се движат расходите, односно каде ќе се крати, посочувајќи дека во тек се контактите со буџетските корисници.
„Преговорите со ресорните министерства се во тек. Во подготовка сме, можеби за две недели од денес ќе зборуваме за посериозни бројки“, рече Димитриеска Кочоска.
