Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОЕЦД: Се понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОЕЦД: Се понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини
Агровести

ОЕЦД: Се понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини

Објавено 03/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската економија се соочува со „сѐ понеповолни“ перспективи, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека новите царини се меѓу факторите кои најмногу го забавуваат глобалниот раст.

ОЕЦД ја намали проекцијата за глобалниот бруто-домашен производ (БДП) за 2025 година од 3,1% на 2,9%, при што проценката е направена врз основа на состојбата со царинските стапки во средината на мај, пренесува ДПА.

И прогнозата за 2026 година е ревидирана надолу – од 3% на 2,9%.

Меѓу главните ризици за економскиот развој се наведуваат: „значително зголемување на трговските бариери, построги финансиски услови, ослабена доверба кај бизнисите и потрошувачите, како и висока политичка неизвесност“.

„Растечките трошоци за трговија – особено во земјите кои воведуваат нови царини – веројатно ќе ја зголемат инфлацијата, иако тоа делумно може да се ублажи преку пониски цени на суровините“, се вели во извештајот.

Најпогодени ќе бидат САД, Канада, Мексико и Кина – земјите кои се во центарот на трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп. САД, на пример, ќе забележат успорување на БДП на 1,6% во 2025, по растот од 2,8% минатата година.

Во Германија, која се соочува со застој, се очекува раст од само 0,4% годинава. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијаОЕЦДпонеповолни изгледицарини
Претходен напис Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
Следен напис Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?