Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
Агровести

Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната

Последна измена: 03/06/2025 12:06
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Инфлацијата во Хрватска, мерена со индексот на потрошувачките цени, во мај 2025 година достигна 3,5 отсто, во однос на 3,2 отсто во април, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Споредено со другите земји од еврозоната, Хрватска останува меѓу земјите со највисок раст на цените, покажуваат податоците на Евростат. Во мај, цените на стоките и услугите за лична потрошња биле во просек за 3,5% повисоки во споредба со мај 2024 година, а за 0,4% повисоки во однос на април 2025 година. Со тоа запре трендот на намалување на годишната стапка на инфлација, која во јануари изнесуваше 4%, во февруари 3,7%, а во март и април 3,2%.

Највисока годишна стапка на инфлација е забележана кај услугите (6,2%), храната, пијалаците и тутунот (5,1%), енергијата (1,7%), додека цените на индустриските непрехранбени производи без енергија пораснале за 0,1%. На месечно ниво, цените на услугите пораснале за 0,6%, а на храната, пијалаците и тутунот за 1,2%, додека цените на енергијата паднале за 1,1%.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), инфлацијата во Хрватска во мај 2025 година изнесувала 4,3% на годишно ниво, што ја става земјата меѓу оние со највисока инфлација во еврозоната, заедно со Естонија (4,6%) и Словачка (4,3%). Просечната годишна стапка на инфлација во еврозоната во мај изнесувала 2,5%, според Евростат.

МИА

Може да ви се допадне

Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
Трипуновски на терен во Тремник: Приоритна цел е да има вода за наводнување за земјоделските површини
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето, канцерогени супстанци има во се што согорува
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
Таг:еврозонатаИнфлацијатарастХрватска
Претходен напис Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра
Следен напис ОЕЦД: Се понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?