Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра
Агровести

Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра

Објавено 03/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царински службеници и мобилни царински тимови во текот на минатата недела спречиле обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови,а во еден случај запленети се 30 илјади евра, соопштија денеска од Царинската управа. Бил спречен и нелегален влез на мигранти.

Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронашле дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење скриени во цевката за црево, како и во цевката во долниот дел од цистерната.

– Возачот на товарното моторно возило – цистерна, за да може полесно да ги извади штеките цигари ги поврзал со сајла и така ги скрил во цевките, се со цел да избегне плаќање давачки во износ од 81 илјада денари. Против него е поведена соодветна постапка, а штеките цигари и тутунот се запленети.

Во друг случај на граничен премин Богородица Службата за мобилни скенери при скенирање на товарно моторно возило – цистерна, откри 6 штеки цигари скриени во кабината, се наведува во соопштението.

Запленети се и 30 илјади евра што патник сакал нелегално да ги изнесе преку граничен премин Богородица. Од Царина појаснуваат дека станува збор за српски државјанин кој со себе носел 40 илјади евра и за кои возачот не поседувал потврда за пријавени платежни средства при влез во државата. Согласно закон на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезиденти може слободно да го изнесат од државата, додека останатите  30 илјади евра се задржани.

Службата за мобилен скенер спречила и обид за нелегален влез на четири мигранти, државјани на Египет. Мигрантите биле пронајдени во просторот за палети на камион со грчки регистарски таблички, на влез во државата, на граничен премин Богородица. Случајот е предаден за понатамошна постапка на полициските службеници од граничниот премин.

Спречен бил обид за шверц на 540 шишиња вино што биле скриени во автобус, пријавен за влез во државата на граничен премин Блаце.

При контрола на автомобил управуван од албански државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија, биле пронајдени 143 резервни делови за возила и 24 литри моторно масло.

– Три таблети, две матични плочи и четири читачи на жетони за кафе-апарати се откриени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Блаце, соопштија од Царинската Управа. 

Царинска управа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:автомобилски деловивиноИТ опремаспречилаЦаринатацигари
Претходен напис Панел-дискусија на Стопанската комора и Дипломатскиот клуб-Скопје: Македонските компании извезуваат во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра
Следен напис Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?