Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Панел-дискусија на Стопанската комора и Дипломатскиот клуб-Скопје: Македонските компании извезуваат во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Панел-дискусија на Стопанската комора и Дипломатскиот клуб-Скопје: Македонските компании извезуваат во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра
Агровести

Панел-дискусија на Стопанската комора и Дипломатскиот клуб-Скопје: Македонските компании извезуваат во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра

Објавено 03/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 29 мај 2025 г., во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржа панел-дискусија на тема: „Улогата на коморите и економската дипломатија во промоција на македонските бизнис-интереси и цели на надворешен план“, во организација на Комората и Дипломатскиот клуб-Скопје. Настанот започна со потпишување на Меморандум за соработка меѓу двете институции, со што се потврди заедничката заложба за унапредување на економското присуство на Македонија во светот.

Во своето обраќање, претседателот на Комората, Бранко Азески, истакна дека стопанските комори не се државни органи, туку приватни здруженија основани врз основа на заеднички интерес. „Постоиме и затоа што постои потреба од координирано и здружено делување,“ рече Азески, потенцирајќи дека сто и тригодишната историја на Комората е доказ за нејзината релевантност. Тој нагласи дека економската дипломатија отсекогаш била една од клучните цели на Комората, дефинирана и во нејзиниот Статут, со силен фокус на унапредување на извозот, меѓународната соработка и отворање нови пазари.

Азески ги издвои трите стратешки приоритети на Комората во областа на извозот: поттикнување на иновативноста, развојот на знаења и вештини кај компаниите и зајакнување на јавнo-приватниот дијалог. Тој ги претстави активностите на Националниот совет за извоз, Клубот на извозници и Институтот за извоз како клучни механизми за подготовка и позиционирање на македонските компании на странските пазари. Според достапните податоци, во 2024 година македонските компании извезувале во 153 држави, а во 62 од нив извозот надминал 1 милион евра.

Стопанска комора на Северна Македонија 

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Дипломатскиот клубизвозотПанел-дискусијаСтопанската комора
Претходен напис ДЗР: Регионален развој без резултати – јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
Следен напис Царината спречила обиди за криумчарење цигари, вино, ИТ опрема, автомобилски делови, запленети се 30 илјади евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?