Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Пазари

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето

Објавено 31/05/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го стави на увид на ЕНЕР новиот закон за земјоделство и рурален развој. Ова е можност со коментари, сите заинтересирани активно да земат учество во носењето на овој важен документ за земјоделските производители но и за сите кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производство.

На платформата Агротим го пренесуваме законот поделен во неколку објави со цел да имате поголема прегледност и запознавање со содржината.

Законот во целост го имате на следниот линк.

Пазарни стандарди за одделни категории на земјоделски производи

Правила за пуштање во промет

Член 87

(1) Со цел да се подобри конкурентноста и квалитетот на земјоделските производи, како и да се задоволат очекувањата на потрошувачите, се воведуваат пазарни стандарди за одделни категории на земјоделски производи при нивно пуштање во промет.

(2) Пазарните стандарди од став (1) на овој член можат да бидат задолжителни или доброволни и не треба да бидат во спротивност со позитивните законски прописи од областа на безбедност на храна, ветеринарство, фитофармација, зоохигиена, зоотехника и здравје и благосостојба на животните.

(3) Примената на пазарните стандарди за одделни земјоделски производи може да биде условена од моменталната состојба на пазарот, односно од влијанието на примената на стандардот врз трговијата со земјоделските производи. 

Пазарни стандарди за земјоделски производи или категории на производи

Член 88

(1) Пазарните стандарди од член 87 став (1) од овој закон можат да се применуваат за еден или повеќе од следниве земјоделски производи или категории на производи:

  1. свежо овошје и зеленчук;
  2. преработено овошје и зеленчук;
  3. банани;
  4. маслиново масло и трпезни маслинки;
  5. живи растенија;
  6. јајца;
  7. месо од живина;
  8. говедско и телешко месо;
  9. млеко и млечни производи наменети за човечка исхрана;
  10. намазни масти наменети за човечка исхрана и
  11. хмељ.

(2) Со цел прилагодување на постојано променливите пазарни услови, надминување на одредени трговски бариери, како и за отстранување на пречките кои оневозможуваат иновација на производите, Владата на предлог на Министерството може да дозволи отстапки од пазарните стандарди при пуштање во промет на одделен земјоделски производ.

(3) Заради потребите од член 87 став (1) од овој закон, Владата на предлог на Министерството може да пропише дополнителни барања од утврдените барања на пазарниот стандард при пуштање во промет на одделен земјоделски производ.

Опфат на пазарните стандарди

Член 89

(1) Во зависност од видот и категориите на земјоделските производи, пазарните стандарди од член 87 став (1) од овој закон, содржат едно или повеќе правила поврзани со:

  1. технички дефиниции, опис на производите и нивно означување;
  2. класификација на производите во однос на класа на квалитет, маса, големина, возраст и категорија;
  3. видот на производот (растителна сорта или животинска раса или комерцијалниот тип);
  4. одредби за задолжително етикетирање на податоци поврзани со утврдените пазарни стандарди;
  5. критериуми за изглед, конзистенција, облик, производни карактеристики и процент на содржина на влага;
  6. податоци за содржината на состав на производот, односно основните негови компоненти, вклучувајќи ги и додадените соединенија во процесот на производство;
  7. податоци за методот на одгледување, односно методот на производтсво, вклучувајчи ги енолошките практики и применети системи за одржливо производство онаму каде се применливи;
  8. податоци за берба, транспорт, методи за конзервација, услови за складирање и транспорт;
  9. забрани од типот на употреба на одредени соединенија, супстанци или практики при поризводство на одредени производи;
  10. специфична употреба на производот и
  11. услови за повлекување, чување, уништување или употреба на производите кои не се во согласност со утврдените пазарни стандарди.

(2) При воведување на одреден пазарен стандард, потребно е да се земат во предвид:

  1. специфичните карактеристиките на земјоделскиот производ;
  2. потребата од производителите да истакнат одредени производни или одгледувачки карактеристики;
  3. потребата односно интересот на потрошувачите од аспект на обезбедување соодветни и транспарентни информации за производот, вклучувајќи;
  4. расположливите методи за анализа на физичките, хемиските и органолептичките особини на производот;
  5. постоечките интернационални стандарди и препораки усвоени од меѓународни тела и
  6. потребата од зачувување на автентичноста на одреден производ преку зачувување на неговите основни природни карактеристики.

Посебни мерки за заштита на пазарот

Член 90

(1) При опасност од сериозни нарушувања на пазарот со земјоделски производи, кои можат да ги загрозат целите на националната земјоделска политика, Владата може да воведе посебни мерки за заштита на пазарот во период додека не помине нарушувањето или опасноста од нарушување на пазарот.

(2) Посебни мерки за заштита на пазарот се:

  1. пропишување на дополнителни увозни давачки над минимална цена на граница и
  2. врзување на количини на увоз на одредени земјоделски производи со откупот на земјоделски производи произведени во Република Северна Македонија.

(3) Минималната цена на граница од став (2) точка 1 на овој член ја утврдува Владата, на предлог на Министерството, за финансирање за посебни земјоделски производи во услови на нарушување на домашниот пазар.

(4) Владата на предлог на министерот ги утврдува производите и односот на количините од став (2) точка 2 на овој член.

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите, целта е да го унапреди здравјето на граѓаните
Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
Маѓар: Забраната за увоз на земјоделски производи од Украина останува
Таг:владазаконзаштитаземјоделскимеркипазарипроизводи
Претходен напис Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Следен напис Италијанска мафија го контролира земјоделскиот сектор вреден 25 милијарди евра?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?