Во општина Прилеп се доделија 192 договори на земјоделците, со вкупна површина близу 500 хектари, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Тоа покажува дека навистина има интерес за ваков тип на повици кај индивидуалните земјоделци.
Заедно со ланските јавни повици и 5-те јавни повици кои што се спроведоа оваа година се распределени близу 6.000 хектари на државно земјоделско земјиште.

Склучени се некаде над 2.100 договори.
Интересот за ставање во функција на државно земјоделско земјиште е повеќе од очигледен.
Направив и увид на новите простории на подрачната единица. Работиме да ги подобриме условите на вработените кои што работат во подрачните единици на Министерството.

Фејсбук статус на Цветан Трипуновски
