Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Усвоен договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Усвоен договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство
Агросектор

Усвоен договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство

Објавено 20/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Условите по кои земјава ќе ги враќа 6-те милијарди евра од британскиот кредит ќе бидат поповолни од сите досегашни, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.

Тој најави дека стартно ќе се повлечат 2,2 милијарди евра за да се гради брзата пруга од Табановце до Гевгелија, вредна околу 2 милијарди евра и болницата, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип, реконструкцијата на тетовската болница и изградбата на болницата во Кичево, што ќе чини околу 200 милиони евра. Николовски појасни дека грејс периодот за враќање на кредитот ќе почне по завршувањето на проектите, а каматната стапка може да биде и под инфлацијата. 

Договорот за заем, кој власта го најавува како најголем инвестициски заем досега, а опозицијата го критикува како нетранспарентен, вклучува и инвестиции во експертиза од сручњаци и институции од Обединетото кралство, во кои ќе бидат вклучени и приватни компании, но и државни институции.

Ова доаѓа откако лидерот на СДСМ Венко Филипче вчера побара јавноста да добие повеќе информации за условите на договорот за заем, посочувајќи дека е неопходно Владата да излезе со детали за каматните стапки, рокот на отплата и другите параметри кои ќе влијаат врз економијата и идните генерации.

Во меѓувреме, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска рече дека со повлекувањето на 2,2 милијарди евра во првите пет години, годишното зголемување на јавниот долг ќе биде околу 400 милиони евра, што ќе оди на контото на економскиот раст. Таа додаде дека договорите за изградба ќе бидат јавни, без авансни плаќања, а средствата ќе се исплаќаат по извршена работа и фактурирање. Договорот Со Обединетото Кралство ќе биде потпишан во четврток.

Извор – 24ТВ

Може да ви се допадне

Согласно Договорот за концесија за рекреативна зона “Вардар – Скопска“ бр.33-2834/1 од Риболовната основа за „Вардар – средно течение“, ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје ги воведе следните забрани во 2026 година
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Ирак постигна договор со Иран да им дозволи на танкерите за нафта да поминат низ Ормускиот теснец
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Таг:договоркредиобединето кралство
Претходен напис Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Следен напис Донесен е нов закон со кој ќе може да се зема во исто време и пензија и плата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?