Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) соопштува дека сообраќајот на државните патишта денес, 5 мај 2025 година, се одвива непречено. Коловозите се претежно суви, а видливоста е добра низ целата земја. Интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е умерен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку Галичица, останува затворен за сообраќај.
На автопатот Демир Капија – Смоквица, поради реконструкција на тунелот Т2, сообраќајот е пренасочен и се одвива двонасочно во десната тунелска цевка. АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни на овие делници и строго да ја почитуваат поставената сигнализација.
Поради можност за одрони на одредени патишта низ клисури и речни долини – како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово – се препорачува зголемена претпазливост.
АМСМ ги потсетува сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, со прилагодена брзина и почитување на сообраќајните правила и услови на патот.
