Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Карпош ги повикува да се пријават нерегистрираните земјоделци и гулабари кои сакаат да вршат дејност за време на викендот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Карпош ги повикува да се пријават нерегистрираните земјоделци и гулабари кои сакаат да вршат дејност за време на викендот
Агровести

Карпош ги повикува да се пријават нерегистрираните земјоделци и гулабари кои сакаат да вршат дејност за време на викендот

Објавено 23/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како резултат на новите одлуки од Владата во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот).
Исто така, сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, да пополнат пријава (линк до пријава) и да ја испратат на [email protected] , најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.
Дополнително, ги информираме сите граѓани дека во текот на викендот, полицискиот час ќе започне во сабота од 15:00 часот и ќе трае до понеделник, до 05:00 часот.
Оттука, нерегистрираните земјоделци и гулабари, кои сакаат да вршат дејност за време на претстојниот викенд, да се пријават на [email protected] , со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност и во кој период од полицискиот час. Истите податоци да ги испратат најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.
Кога станува збор за активистите кои хранат бездомни животни, за претстојниот викенд, преку регистрираните здруженија треба да се пријават во Град Скопје, до петок (24.04) до 12:00 часот. Потоа, информациите ќе им бидат проследени до Министерството за информатичко општество и администрација, по што, на мејл ќе им биде испратена дозволата.
Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.
Општинскиот кризен штаб на Карпош продолжува со секојдневната комуникација со Полициската станица – Карпош, Градот Скопје, Државниот пазарен инспекторат и други ресорни институции.
Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.
Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:викендгулабарикарпошполцииски час
Претходен напис Доматниот молец може да биде новиот непријател на градинарството
Следен напис МЗШВ: Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?