Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески во „Бизнис-клуб“: Спречување на одливот на мозоци и поддршка на извозот се двата проекта на кои ќе работи Комората
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Азески во „Бизнис-клуб“: Спречување на одливот на мозоци и поддршка на извозот се двата проекта на кои ќе работи Комората
Агросектор

Азески во „Бизнис-клуб“: Спречување на одливот на мозоци и поддршка на извозот се двата проекта на кои ќе работи Комората

Објавено 07/04/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Од 2005 г. до денес, кога работиме во услови на коморски плурализам, сме издале 201.667 документи од Бизнис-канцеларијата (сертификати за потеклото, АТА-карнети, потврди, препораки и мислења); сме организирале 6.732 настани, бизнис-форуми, конференции и презентации, на кои учествувале 198.302 претставници од компаниите; сме имале 1.552 меѓународни активности и сме издале 952 електронски брошури и публикации, а повеќе од 280 компании сме сертифицирале со меѓународно признание – стандарди за квалитет (ISO 9001, ISO 14001, ISO 22000, HALAL, HACCP). Комората, исто така, била домаќин на повеќе од 200 странски делегации“, изјави претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, кој беше во улога на гостин во поткастот, во последната епизода од првата сезона на „Бизнис-клуб“.

Одговарајќи на прашањето што се крие зад строгото лице на Бранко Азески, тој истакна дека зад строгото лице на Азески се крие професионализам и напорна работа за денес Комората да стане препознатлива како најмоќна и најбројна организација во земјава и пошироко во регионот, а тој да го стекне својот прекар балкански коморски лидер. Професионализмот придонел претседателот Азески да добие Oрден за заслуги за Републиката во 2022 година, а Комората да добие Награда за дигитален шампион во мал бизнис од Светската трговска организација во 2021 година, за најдобар корпоративен сајт во државава во 2020 година, за најкомора во регионот во 2013 година и за најдобар портал во рамките на Eurochambres во 2006 година.

Во разговорот тој ги спомна и институциите што настанале во Комората во периодот од 2005 година до денес: Центарот за едукација, Советот на странски инвеститори, Националниот совет за извоз, Институтот за извоз, Клубот на извозници, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обукитe, Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања, Центарот за циркуларна економија, Клубот 100, Бизнис-клубот „Европа“, Центарот за микро, мали и средни претпријатија и ТИМ 40, кои се формирани со цел подобрување на бизнис-амбиентот во земјава.

„Приходите пораснаа од 32 милиони денари во 2005 година на 110 милиони денари во 2024 година, а создадена е и база на професионалци кои ќе работат следниве 10 години“, потенцираше Азески.

Во продолжение на поткастот претседателот Азески ги изнесе двата проекта на кои ќе се фокусира Комората во наредниот период, а тоа се: (1) спречување на одливот на мозоци од нашата земја и (2) поддршка на извозот, што ќе придонесе за задржување на кадарот во земјава.

Во последната епизода од првата сезона на поткастот „Бизнис-клуб“ стана збор и за гледаноста на поткастот од неговото прво емитување во ноември минатата година до денес. Се покажа дека 70 % од публиката која ги гледала емисиите од поткастот се млади лица на возраст од 25 до 45 години. Тоа покажува дека со поткастот се допрело до младото работоспособно население, што беше и целта, а тоа, можеби, ќе влијае врз неговата одлука за останување во државава и за градење на професионалната кариера на домашен терен.

Вкупниот опфат на прегледи на социјалните мрежи изнесувал 300.000, што е солидна бројка во поглед на специфичната тематика на поткастите, со што беше постигната поставената цел.

Стопанска комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Таг:Бранко Азескиизвозкоморапоткаст
Претходен напис (ВИДЕО) Најдовски: Ако сакаме развој на млекопроизводството, не треба да има лимит во поддршката за големите фарми
Следен напис Времеро утре: Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?