Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пачешкоски: Имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Пачешкоски: Имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун
Растително производство

Пачешкоски: Имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун

Објавено 21/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунарите од Прилеп, Долнени и Кривогаштани во редици пред банките трпеливо ги подигнуваа субвенциите за тутунот од ланската реколта.

Тие, како што велат, се дојдени навреме затоа што почнаа работите во полето за новата реколта тутун. Единствено се загрижени како ќе биде со вонредните ситуации и ангажманот на аргати за работа во полето.

Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, од преку 30 милиона евра субвенции за македонските тутунари, околу половината се за тутунарите во Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

-Од преку 30 милиона евра за субвенции, над 14 милиона евра се за преку 10.000 тутунари во Прилеп, Долнени и во Кривогаштани. Ги замолувам тутунарите за трпение поради вонредните состојби за подигнување на субвенциите. Денеска е според азбучен ред, први се оние кои презимињата им почнуваат на А, Б, В, Г и Д, изјави Пачешкоски.

Во тек е расадопроизводството и склучувањето договори со откупувачите за новата реколта тутун. Интересот е зголемен за 10-ина проценти и тоа кај младите земјоделци.

– Досега имаме примено пријави на околу 1000 млади земјоделци кои првпат ќе произведуваат тутун. Лани имаше околу 7.500 хектари со тутун, годинава очекуваме за 500 хектари повеќе. Тутунопроизводството моментално, е исплатливо. Инаку, од подрачната единица се подигнуваат решенија, а со откупувачите тутунарите склучуваат договор, истакна Паческоски.

Ланската реколта беше тешка околу 26.000 тони со просечна цена од 220 денари за килограм. Поради високиот квалитет, просечната субвенционирана цена е 72 денари за килограм откупен тутун.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:subvenciiМлади земјоделципријавитутун
Претходен напис Далматинските винари проценуваат дека продажбата оваа година ќе биде двојно намалена
Следен напис Со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелкa
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?