Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Агровести

Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците

Објавено 24/03/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image
„Во земјоделието наследивме тотален хаос- и во делот на откупот, и во делот на исплатата на субвенциите, и во делот на исплатата на личните доходи во некои акционерски друштва во сопственост на државата, како и во јавните претпријатија, државни. Сето тоа успеавме во текот на овие девет месеци да го санираме, долговите да ги вратиме и исплатите да течат без проблеми.“, вели премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

„Од пораките што ги добив од земјоделците во овој регион, има одредено шпекулативно однесување од страна на откупувачите на зелката. Ова го добив како порака во последните ден-два. Разговарав и со министерот за земјоделство, кој ми рече дека денес ќе биде тука.“, додаде тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека од она што е важно за Радовиш и Конче е цената на тутунот, за којашто рече дека по килограм откупен тутун изнесува 400 денари, плус 100 денари субвенции.

„Она што е важно за овој регион, радовишко и Конче, е дека имаме рекордна цена на тутунот, постигната како никогаш досега- 400 денари за килограм откупната, плус 100 денари субвенција.“, нагласи Мицкоски и потенцираше дека Владата останува посветено да работи во интерес на земјоделците.

Може да ви се допадне

Борче Серафимовски: Резултатите ќе ги мериме според тоа што реално добива македонскиот земјоделец
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Меѓународна работилница за ароми во храна и пијалаци на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип
Без вода дел од улицата „Партениј Зографски“, а без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром
Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Таг:земјоделцимицкоскисубвенциитутун
Претходен напис Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Следен напис Прв случај на птичји грип кај овца во Велика Британија: Фармерите повикани на внимателност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?