Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема јајца: Луѓето почнаа да изнајмуваат кокошки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нема јајца: Луѓето почнаа да изнајмуваат кокошки
Магазин

Нема јајца: Луѓето почнаа да изнајмуваат кокошки

Објавено 27/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на јајцата во САД го продолжија својот нагорен тренди  во јануари, при што едно пакување од десет јајца во просек чини околу пет долари, а во некои држави осум или дури 10 долари.

Производителите имаат свои оправдувања и причини, но потрошувачите се обидуваат да ги заобиколат високите цени на многу инвентивни начини. Еден од нив е изнајмување кокошки.

Поради птичјиот грип и евтаназијата на милиони кокошки, цените на јајцата растат со месеци и нема знаци дека овој тренд наскоро ќе престане, па обичните луѓе се принудени да бараат алтернативи.

CBS News известува дека бројни фарми добиваат се повеќе нарачки за купување кокошки, пренесува RTS.

„Продажбата драстично се зголеми кај сите одгледувачи“, вели еден од нив, Рон Голдсмит.

Голдсмит, кој исто така произведува сточна храна за пилешко, вели дека продажбата на добиточна храна е двојно зголемена од октомври.

„Секоја недела веројатно продаваме 50 проценти повеќе од минатата“, додава Голдсмит.

Постои и концепт за изнајмување кокошки. Компаниите кои се специјализирани за оваа единствена услуга на клиентите им обезбедуваат се што им е потребно за да започнат сопствено производство на јајца.

Ова обично вклучува неколку кокошки, мал кокошарник, добиточна храна и консултантски услуги.

Периодот на изнајмување варира – од неколку месеци до повеќегодишни аранжмани.

Rent The Chicken, компанија која издава кокошки на периоди од шест месеци, соопшти дека нејзиниот бизнис значително пораснал.

Здрава кокошка може да носи до пет јајца неделно.

Имајќи предвид дека купувањето јајца може да го чини семејството и до неколку стотици долари месечно, чувањето кокошки е примамлива опција.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:изнјмувањејајацакокошки
Претходен напис Европскиот пазар на храна го очекуваат големи промени
Следен напис Облачно, магла и повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?