Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта 
Агровести

„Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта 

Објавено 20/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Визер“ ја укинува авиолинијата од Скопје до Будимпешта и од 9 март годинава повеќе нема да лета на оваа дестинација, а од неодамна не продава и билети за оваа рута.

Од „Визер“ за МИА ја потврдија информацијата и изјавија дека континуирано ги следат перформансите на своите рути за да овозможат најпопуларните дестинации да имаат најниски можни цени.

– Како што е вообичаена практика, „Визер“ ја оптимизира својата мрежа врз основа на резултатите од овие прегледи. Со силна посветеност за одржување на капацитетот во Северна Македонија и Централноисточна Европа, „Визер“ продолжува да ги подобрува своите услуги и да истражува нови можности за раст во регионот. Сите погодени патници се информирани за промените и им се понудени алтернативни опции за патување, како и опции за целосно враќање на средствата во форма на оригинално плаќање или „Виз кредит“, истакнаа од компанијата за МИА.

Од Министерството за транспорт и врска, пак, за МИА посочија дека линијата Скопје- Будимпешта никогаш не била предмет на финансиска поддршка, односно за таа линија Министерството не исплаќало средства.

– Политиката на Министерството за транспорт е развој на авиосообраќајот и во таа насока со новиот концепт што го промовираме за само шест месеци успеавме да обезбедиме десет нови линии. Очекуваме преку овие политики дополнително да го развиваме авиосообраќајот, да обезбедиме квалитетни услуги и да ја промовираме Македонија како атрактивна дестинација за туристите, нагласија од Министерството за МИА.

По воведувањето на новиот начин за субвенционирање на авиолинии од страна на Владата, „Визер“ доби субвенции за летови од Скопје кон Лион, Барселона и Штутгарт. За овие дестинации летовите почнуваат од 30 јуни, а „Визер“ веќе продава билети. 

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
ЕУ го суспендира увозот на бразилско месо, Бразил изразува „длабока загриженост“
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати
АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
Студија: Пестицидите годишно предизвикуваат околу 11.000 смртни случаи кај земјоделците во светот
Таг:9 мартБудимпештавизерлетаСкопје
Претходен напис Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
Следен напис Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?