Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ: Ќе се одложи исплатата за Планот за раст за земјите од Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ: Ќе се одложи исплатата за Планот за раст за земјите од Западен Балкан
Агровести

ЕУ: Ќе се одложи исплатата за Планот за раст за земјите од Западен Балкан

Објавено 17/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави РСЕ.

„Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни исплати се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал на 2025 година, откако ќе се исполнат соодветните услови“, се наведува во писмената реакција од таа институција.

Како што објаснуваат упатените, проблемот е во земјите од регионот што треба да постигнат договор за заем со Европската унија, бидејќи едни финансиски средства се во форма на заеми, а други во форма на грантови. А таквите договори имаат карактер на меѓународни договори и затоа мора да бидат ратификувани од парламентите на тие земји.

„Изгледа дека овојпат ЕУ е поподготвена да изврши плаќања од овој пакет отколку што се подготвени да ги добијат земјите од регионот“, изјави извор од Брисел за Радио Слободна Европа.

Од Европската комисија нема прецизно објаснување во која фаза е секоја земја од регионот во однос на обврските неопходни за започнување на плаќањата.

„За да започнат реформите, земјите може да побараат до 7 отсто од предфинансирањето од вкупниот износ предвиден со овој инструмент (од првичниот индикативен износ на финансирање што е достапен за секој корисник). Ова го побараа сите пет корисници со одобрени реформски агенди (освен Босна и Херцеговина, која се уште не доставила)“, се наведува во одговорот на Европската комисија.

За да може да добие финансиска помош од Планот за раст, од секоја земја во регионот се бараше да развие реформска агенда која потоа беше одобрена од ЕК. Босна и Херцеговина е единствената земја која нема одобрена агенда бидејќи Сараево до Брисел достави нецелосен документ кој не ги исполнува критериумите на ЕК.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еуЗападен БалканисплататаодложиПланот за раст
Претходен напис Домашни и меѓународни САЕМИ кои ќе бидат поддржани од МЗШВ во 2025 година
Следен напис Хрватското сточарство во „плус“ – само еден вид добиток бележи пад во 2024 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?