Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Февруарско заседание на ЕП, меѓу точките на дневен ред – приоритетите на ЕК, Украина, американските царини, Блискиот Исток и Србија 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Февруарско заседание на ЕП, меѓу точките на дневен ред – приоритетите на ЕК, Украина, американските царини, Блискиот Исток и Србија 
Агровести

Февруарско заседание на ЕП, меѓу точките на дневен ред – приоритетите на ЕК, Украина, американските царини, Блискиот Исток и Србија 

Објавено 10/02/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Програмата за работа на Европската комисија за 2025 година, состојбата во Украина три години по почетокот на руската агресија, најавите на новата американска администрација за воведување царини за европските производи, стратегијата на ЕУ за Блискиот Исток и случувањата во Србија, ќе бидат меѓу темите за расправа на овонеделната сесија на Европскиот парламент во Стразбур. 

Заседанието започнува доцна попладнево со дебата за Годишниот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ). Седницата ќе почне со обраќање на претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, која ќе информира за состојбата на европските и глобалните економии и за активностите на Европската централна банка, по што ќе следи нејзина дебата со европратениците. Од оваа дебата треба да произлезе Резолуција со препораки за тоа на кои прашања ЕЦБ треба да даде приоритет, за која европратениците ќе се изјаснат утре. 

Во продолжение на денешното заседание европратениците ќе расправаат и за ескалацијата на насилството меѓу криминалните групи во Шведска и зајакнување на борбата против организираниот криминал, како и за придонесот на ЕУ за пронаоѓање на лицата исчезнати во војни и конфликти. 

Утре заседанието ќе почне со дебата на тема „Подготвеност за нова трговска ера: мултилатерална соработка или царини“, во чии рамки европратениците ќе расправаат со претставници на Европската комисија и на Полското претседателство со Советот на ЕУ, за најавите на новиот американските претседател Доналд Трамп за можно воведување на царини за увоз на европски производи во САД. Во рамките на оваа дебата се очекува да биде дадена проценка на моменталната состојба на трговските односи меѓу ЕУ и САД, за мултилатерализмот, како и за потенцијалните одговори на Унијата доколку Вашингтон воведе царини за европските производи. 

Европскиот Парламент денеска ја поддржа одлуката за продолжување на шемата за употреба на дигиталните ковид-сертификати за уште една година, за што веднаш ќе започнат преговори со Советот.

Во продолжение на утрешната претпладневна сесија, европратениците ќе расправаат за поддршка на ЕУ за Украина, три години по почетокот на руската агресија врз земјата. Во рамки на оваа расправа пред европратениците ќе се обрати претседателот на украинската Врховна рада, Руслан Стефанчук, по што ќе се одржи дебата со претставници на ЕК и Полското претседателство за влијанието на војната во Украина и непоколебливата поддршка на ЕУ за земјата. Од дебатата ќе произлезе резолуција која ќе биде ставена на гласање за време на мартовското заседание на Европарламентот. 

Во попладневното продолжение на утрешното заседание европратениците ќе расправаат за планираната стратегија на ЕУ за Блискиот Исток, насочена кон мировно решение според моделот за две држави и кон зајакнување на партнерствата со клучните регионални чинители.  

За утре попладне се предвидени и дебати за политичката криза во Србија, за недостигот на работна сила во здравствениот сектор и за зајакнување на стручното образование на ЕУ, за ескалацијата на насилството во источниот дел на Демократска Република Конго, за ограничувањето за извозот на чипови со вештачка интелигенција во САД, како и за заштитата на системот на меѓународна правда и неговите институции, особено Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата. 

В среда претпладне ќе се одржи централната дебата на февруарската сесија на Европарламентот посветена на „Компасот за конкурентност“ и приоритетите на Европската комисија за 2025 година. На почетокот на дебатата претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе ја претстави Програмата за работа на ЕК за 2025 година, која ги содржи клучните политички активности и законодавни иницијативи планирани за оваа година, по што ќе се одржи дискусија меѓу европратениците и претставниците на Комисијата и на Полското претседателство со Советот на ЕУ за неодамна претставениот „Компас за конкурентност“ насочен кон поттик на економскиот раст и обезбедување одржлив просперитет. 

Во продолжение на заседанието ќе одржи и расправа за годишнината од смртта на рускиот позициски лидер Алексеј Навални и континуираната репресија врз демократската опозиција во Русија. Лани по смртта на Навални, Европскиот парламент усвои Резолуција со која како одговорни за неговата смрт беа посочени руската држава и особено нејзиниот претседател Владимир Путин. 

Во попладневното продолжение на заседанието в среда европратениците ќе одржат тематска дебата насловена „Соработката меѓу конзервативците и екстремната десница како закана за конкурентноста во ЕУ“, како и расправи за слободата на медиумите, зајакнување на владеењето на правото и заштита на новинарите во Унијата, за повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор и Светската здравствена организација и за суспензијата на американската развојна и хуманитарна помош, за потребата од поддршка за регионите на ЕУ што граничат со Русија, Украина и Белорусија, за менталното здравје на младите во Европа, како и за случаи за прекршување на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Турција, Никарагва и Нигерија. 

За в четврток се предвидени дебати за напредокот на ЕУ во намалувањето на нејзината стратешка зависност во областа на критичната комуникациска инфраструктура, за прекугранично признавање на документи за граѓански статус на истополови двојки и нивните деца на територијата на ЕУ, како и за неодамна склучениот Договор за слободна трговија меѓу ЕУ и организацијата за заеднички пазар во Јужна Америка – Меркосур, кој треба да биде одобрен од европратениците. 

Истиот ден се предвидени и гласања по резолуции за состојбата со човековите права во Турција, Никарагва и Нигерија и за случувањата во Грузија и во ДР Конго. 

На маргините на заседанието, Европарламентот во вторник попладне ќе организира семинар на тема „Одбрана на дигиталниот интегритет на Европа: Решавање на предизвиците во социјалните медиуми и странското мешање“.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:приоритетите на ЕКФевруарско заседаниецарини
Претходен напис Општина Демир Капија: Натревар за избор на најдобро домашно вино и ракија
Следен напис Од среда нестабилно со локален дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?