Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се откупува рекордна реколта тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се откупува рекордна реколта тутун
Агровести

Се откупува рекордна реколта тутун

Објавено 28/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До законскиот крај на откупот има уште еден месец, но тутунарите се изненадени од рекордните количества кои се откупени. Досега се откупени преку 23 400 тони по просечна цена од 399 денари за килограм. Остануваат за откуп уште 10 проценти.

-Таа бројка е реална, заведена е во системот. Има повеќе причини за тоа, иако ние очекувавме околу, максимум, 21 000 тони. Прво, се продолжи вегетацијата есента со дождовите, има влажност на тутунот при откуп и нема одбитоци при откупот. Ваквите бројки за новата реколта тутун се оптимистички. Со просечна цена близу 400 денари и поголеми количества, создаваат надеж за добра нова производствена година, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија.

Сојузот нема сознанија за некој увоз на тутун, но има за тоа што дел компании го враќаат откупеното.

-До нас нема стигнато сознание дека има увоз на тутун. Минатите години имаше, но сега немаме такви сознанија. Што се однесува дека некои откупни компании им го враќаат откупениот тутун на производителите, тие сознанија стигнаа до нас, но не знаеме зошто е тоа така. Откупувачите, законски, не смеаат да го вратат тутунот, истакна Ристески.

Тој рече дека министерот за земјоделство формирал тело за новата производствена година.

-Телото го формираше министерот за земјоделство. Во него членуваат претставници од Сојузот и од откупувачите за да се усогласат ставовите за новата производствена година која е на прагот, вели претседателот на Сојузот на тутунските здруженија.

Откупот на тутунот законски завршува на 28 февруари. Дотогаш компаниите не смеат целосно да ги затворат откупните пунктови. Сега работат редуцирано, со 30 насто од пунктовите за откуп на тутун.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откупувареколтаРекорднатутун
Претходен напис Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво
Следен напис УЈП: Истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, постигнат висок процент на исполнетост од 94 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?