Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Државен инспекторат за земјоделство: Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Државен инспекторат за земјоделство: Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди 
Агровести

Државен инспекторат за земјоделство: Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди 

Објавено 24/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добивањето на известувањето од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF – Window) од Република Хрватска во врска со пратка на свеж кељ (Brassica oleracea var sabauda), која била идентификувана како небезбедна од страна на хрватската царинска служба при увозот. Првично од Државниот Инспекторат за Земјоделство потенцираа дека во медиумите се појавија соопштенија кои не се точни бидејќи посочуваат на пратки на зелка, а во конкретниов случај станува збор за свеж кељ. Според Хрватскиот извештај, се утврдило присуство на забранета активна материја imidacloprid во производот, којашто од 1.12.2020 во рамки на Регулативата на ЕУ 2020/1643 е забранета за употреба. Извозот е остварен на 9.1.2025 година а пратката која што била задржана на граничниот премин е со вкупно количество од 2700кг.

По добивањето на оваа информација, Државниот инспекторат за земјоделство направи 20 вонредни контроли од страна на внатрешни фитосанитарни инспектори кај регионалниот откупувач и извозник, при што е констатирано дека земјоделскиот производ свеж кељ е откупен од земјоделско стопанство во с.Јосифово, Валандово. Инспекцискиот надзор беше спроведен кај 20 земјоделски стопанства меѓу кои и производителот од кој потекнува свежиот кељ, и се земени мостри за да се утврди дали има присуството на забранената активна материја. По добиениете резултати Државната Фитосанитарната Лабораторија беше констатирано дека нема присуство на ниту една забранета активна материја во земените примероци. Во рамки на акцијата беа изречени решенија за водење на евиденција и глоба во износ од 700 евра, по истиот основ.

Во изминатите денови беа извршени дополнителни проверки и анализи, а директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, во рамки на изјавата за медиуми апелираше дека водењето на листа за евиденција на третирање на растенија и  растителни производи е задолжително.

Во продолжение на оваа информација, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, во изјава за медиумите рече:



„Државниот инспекторат за земјоделство во континуитет ги следи сите аспекти на безбедноста на земјоделските производи што се извозуваат или увезуваат во нашата држава. Нашата основна задача е да обезбедиме гаранција дека производите кои ги испорачуваме на странските пазари, како и оние што ги увезуваме, не содржат забранети или опасни активни материи кои можат да претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Во случајот со кељот извезен во Хрватска, по извршените контроли и анализи, можеме да потврдиме дека нема присуство на опасни материи. Но, и понатаму ќе продолжиме со интензивни надзори за да осигуриме безбедност на сите земјоделски производи во нашата држава.“

Иако во Македонија пазарот на пестициди кои содржат imidacloprid е веќе регулиран, и понатаму се изведуваат редовни и вонредни инспекциски надзори. На овој начин, се осигурува дека земјоделците ги следат законските регулативи и дека не се користат забранети хемикалии кои можат да доведат до затруени производи.

За дополнителни информации, граѓаните се упатуваат да ги следат сите нови извештаи и да се консултираат со надлежните органи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:државен инспекторатземјоделствојосифово
Претходен напис Србија ги ограничи цените на горивата за уште 6 месеци, земјодeлците ќе плаќаат повластена цена на дизелот
Следен напис Трипуновски: Промените на системот за поддршка се почнати, ќе се менува и регулативата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?