Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Промените на системот за поддршка се почнати, ќе се менува и регулативата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Промените на системот за поддршка се почнати, ќе се менува и регулативата
Агровести

Трипуновски: Промените на системот за поддршка се почнати, ќе се менува и регулативата

Објавено 24/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во анализа на Слободен печат, за состојбата со земјоделското производство кај нас со акцент на државната поддршка, министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски најави дека се започнати промените во системот за поддршка на земјоделците во рамките на новите програми за финансиска поддршка за 2025 година.

– Уште за оваа година укинат е комплицираниот и несоодветен систем на двојно и условено аплицирање, кое ги комплицираше постапките за администрација и контрола и за корисниците и за институциите. Направено е спојување на мерките и поедноставена е структурата колку што е можно повеќе. Преку вклучување на инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), ќе се зголеми присуството на инспекторите на терен. Во следниот период ќе се засилат контролите заради следење на состојбите и превенција од евентуална злоупотреба. Соодветното и наменското користење на средствата од програмите за финансиска поддршка ќе овозможат повеќе пари за вистинските земјоделци – изјави за „Слободен печат“ министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Сепак, објаснува министерот, за низа планирани промени или воведување нови мерки, реализацијата ќе биде возможна после измените на Законот за земјоделство и рурален развој кои се во тек.

Министерот Трипуновски детално објасни и кои земјоделци може да очекуваат годинава повеќе пари.

Зголемување на износот на поддршката преку директни плаќања ќе биде реализирано кај потсектори што се соочуваат со сериозен пад во производството, а имаат компаративна предност и произведуваат производи важни за исхрана на населението, како што се сточарските потсектори на пример.

Министерот посочува и дека ќе има инвестиции во наводнување и одводнување, поддршка на пазарните форми на здружување, поставување ефикасен систем за знаење и иновации во земјоделството. Ќе се обезбеди поддршка за таргетирани групи корисници со развоен потенцијал, пред сè млади земјоделци. Ќе се интензивира процесот на акредитација на новите ИПАРД-мерки што ќе овозможат пристап до нови средства од ЕУ за кои немаше можност да се користат.

– Дополнителна трансформација и подобрување на мерките ќе се реализира преку програмите во следниот период поради неопходноста од претходните законски измени предвидени за оваа година. Директните плаќања треба да ја добијат структурата според стратегијата која ќе значи приспособување кон европските политики – прецизира Трипуновски.

Анализата во целост на следниот линк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ипардкорисницимеркисубвенциицветан трипуновски
Претходен напис Државен инспекторат за земјоделство: Спорната пратка за Хрватска содржи свеж кељ а не зелка, и во истата нема пестициди 
Следен напис Откупувачите на ориз ја намалија цената за шест денари, исто колку што изнесува државната субвенција за производителите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?