Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оформени 50 предмети за нефер трговски практики, ќе се проверуваат на терен и ако има потреба ќе се казнува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Оформени 50 предмети за нефер трговски практики, ќе се проверуваат на терен и ако има потреба ќе се казнува
Пазари

Оформени 50 предмети за нефер трговски практики, ќе се проверуваат на терен и ако има потреба ќе се казнува

Објавено 19/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има оформено 50 предмети откако до нив стигнале примери за нефер трговски практики, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. 

Ристески вели дека комисијата ќе излезе на терен и ќе ги проверува случаите, а доколку има потреба ќе има и казни.

Проверките, како што вели Ристески, комисијата ќе ги прави на лице место.

„За пронајдените неправилности казните се големи, до 20 000 евра. Законот за нефер трговски практики мора да се спроведува и да се заштитат и производителите и потрошувачите“,вели Ристески.

Законот за нефер трговски практики е во функција според директивата на ЕУ од 28 септември 2024 година. До крајот на минатата година се вршеше мониторинг на спроведувањето на Законот, а од почетокот на годинава во сила се казни за сите неправилности во неговото спроведување.

По Нова година стартува Законот за нефер трговски практики, казните се околу 20 илјади евра

Со Законот се опфатени 2 546 производи по тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Со законот се уредуваат односите на релација производители, добавувачи и трговци.

Според Законот, рабатот на годишно ниво не смее да биде повисок од 10 проценти. 

Покрај ограничен рабат, Законот предвидува трговците да не смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Од викендов почнува примената на Законот за нефер трговски практики, се очекува да ги намали цените на прехранбените производи

На подолг рок со овој закон се очекува поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните.

Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци. Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20 000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Највисокиот износ на казна за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5 000 до 6 000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице.

Извор – 360 степени

Може да ви се допадне

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите, целта е да го унапреди здравјето на граѓаните
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Таг:законне фер практииорганско производстворабат
Претходен напис Водици низ Македонија: Десетгодишниот Павел трета година по ред го фати крстот во Дебар
Следен напис Грчките земјоделци се заканија дека ќе блокираат патишта кон Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?