Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува протестот организиран од УПОЗ: Ако владата сакаше дијалог, немаше да сме на улица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува протестот организиран од УПОЗ: Ако владата сакаше дијалог, немаше да сме на улица
Агровести

Продолжува протестот организиран од УПОЗ: Ако владата сакаше дијалог, немаше да сме на улица

Објавено 16/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денешниот протест пред Државниот завод за статистика претседателот Трпе Деаноски рече дека доколку од Владата навистина сакале дијалог тие во моментов не би биле на улица.

-Владата наместо да пишува соопштенија и да негира се што ќе кажеме ние, а не е воопшто во право треба да си посвети енегрија и да најде начин како да го реши овој проблем, ако Владата сакаше дијалог до сега ќе бевме седнати на маса а не на улица. Ние од наша страна направивме се, сите средби ги завршивме со ресорните министри, подршка од нив добивме, се направија колективни договори како што треба, но за жал тие не беа потпишани, што значи дека ресорните министри немаат сила да потпишат колективен договор иако нема никаква законска пречка за тоа – Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ.

Денешниот беше трет протест по ред, а кулминацијата ќе биде утре кога вработените во 6 министерства и 2 државни инситуции ќе излезат на заеднички протест пред Министерството за финансии.

Деаноски алармираше и дека речиси 1000 вработени во сите инспекторати низ државата немаат земено плата за месец декември.. Потпретседателот на независниот синдикат на Државниот инспекторат за труд Љуљзим Фаризи објаснува дека платите доцнат поради нетрансформирање на нивните договори откако бил укинат инспекцискиот совет, а инспекторатите се префриле во состав на министерствата, за што од Владата добиле уверување дека до утре ќе има соодветно решение.

-Од советникот на премиерот имаме гаранции дека денеска до утре ќе имаме одговор на тоа како побрзо да се реши статусот на вработените во инспекциските служби се со цел да добиеме побрзо плата и да се трансформира работниот однос- Љуљзим Фаризи – независен синдикат на Државен инспекторат за труд.

Фаризи ова го изјави по средба на Независниот синдикат на државната администрација со претставник од Владата на која тие ги претставиле своите забелешки околу новиот Законот за државни службеници. На средбата меѓудругото се разговарало и за додатоците на плата, решавање на статусот на вработените во инспекциските служби и менување на правилникот за дежурства во судската служба. Претставниците од синдикатот изјавија дека се задоволни од средбата, по која било договорено да имаат вакви состаноци на месечно ниво.

Извор – Канал5

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:админитрацијаинспекторипротессиндикат
Претходен напис (ВИДЕО) Управување на два трактора во исто време
Следен напис Еврозоната во ноември забележа суфицит од 16,4 милијарди евра во стоковната размена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?