Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Унгарски истражувачи го истражуваа македонскиот обичај „Џоломари”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Унгарски истражувачи го истражуваа македонскиот обичај „Џоломари”
Агровести

Унгарски истражувачи го истражуваа македонскиот обичај „Џоломари”

Објавено 15/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Унгарски истражувачи го истражуваа македонскиот обичај ,,Џоломари”. Целта на теренската работа беше да ги набљудуваат и истражуваат македонските традиционални зимски машки обредни поворки. Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени во бројни публикации, вклучувајќи илустрирана англиска публикација и научни трудови во реномирани списанија. 

Професор Родна Величковска, етномузиколог – истражувач на македонскиот музички фолклор, која даде стручна поддршка на меѓународната група од Унгарија и се придружи во нивното истражување, денеска информираше за МИА, дека станува збор за истражувачи, студенти на докторски студии при Универзитетот во Дебрецин и Arts and Research Ltd, кои ја посетиле Република Северна Македонија од 10 до 15 јануари. 

На посетата и претходела подготовка за истражување. Истражувањето и соработката беа претходно подготвени преку е-курс, на кој студентите на докторски студии и истражувачи, се запознаа со литературата поврзана со историјата на џоломаството и ги формулираа нивните истражувачки прашања и цели за теренската работа.

 – Тимот составен од студенти на докторски студии и истражувачи, предводен од професорот Елек Барта и професорката Ана Марија Боља, најпрвин пристигнаа во Скопје. Професорката Ана Марија Боља е признат истражувач на македонската култура, која  ја има одбрането својата докторска дисертација за различните празнични обичаи во Македонија. Со неа се придружија и студентите на докторски студии од Универзитетот во Дебрецин и од Универзитетот „Иштван Сечењи“. На првиот ден од посетата, истражувачите се сретнаа со професорот Љупчо Ристески,  професорката Инес Црвенковска, како и со мене, при што се дискутираше за македонските традиционални маскирни обичаи, обредни поворки. Следниот ден тимот се пресели во Кавадарци, каде што одржав предавање за македонските традиционални машки обредни поворки, појасни Величковска. 

Таа истакна дека посетата имала неколку цели и постигнувања. 

– Главните цели на теренската работа беа да се вклучат студентите во истражувањето на македонската култура и да се создаде и одржи соработка меѓу универзитетите и истражувачките институти. Во рамките на истражувањето, беа одржани пет преноси на Facebook во живо, каде што се презентираа маските на џоломарите и активностите што се одржуваат со векови. Тие исто така направија интервјуа со локалните млади и џоломарите и споделија фотографии и видеа на социјалните медиуми, додаде професорката. 

Величковска подвлече дека гостите заминуваат со прекрасни спомени од Тиквешијата, поврзани со џоломарскиот обичај, заклучоци околу оваа стара традиција на овие простори и благодарност кон жителите на селата Бегниште и Ресава, каде адетот се пренесува од генерација на генерација,  за нивното гостопримство и помошта во успешното спроведување на истражувањето. 

– Благодарение на нивната помош, резултатите од истражувањето ќе бидат објавени за да може да ги види светот. Благодарност ни изразија и нам како водечки истражувачи од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, на водачите на џоломарите од Бегниште и Ресава, како и на вработените во Музејот во Кавадарци. Благодарност изразија и до Универзитетот во Дебрецин, Панонија програмата и Arts and Research Ltd, додаде Величковска. свд/дма/

Фото : Emese Lengyel-Széchenyi István University_Arts and Research Ltd_and_University of Debrecen

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:истражувааУнгарски истражувачиЏоломари
Претходен напис Општина Зрновци продава 21 парцела за изградба на објекти за домување
Следен напис Основни чекори кои треба да се следат при подигнување овоштарник
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?