Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: John Deere претстави автономни трактори со поглед на полето од 360 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > John Deere претстави автономни трактори со поглед на полето од 360 степени
Механизација

John Deere претстави автономни трактори со поглед на полето од 360 степени

Објавено 14/01/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тие претставија неколку нови автономни машини за земјоделство, градежништво и уредување на околината. John Deere претстави неколку нови автономни машини на саемот за потрошувачка електроника Consumer Electronics Show (CES) во Лас Вегас, САД.

Како што велат, нивна цел е да им помогнат на корисниците во земјоделството, градежништвото и комерцијалното уредување на околината. Објаснуваат дека тие претставуваат комбинација од напредна компјутерска визуелизација, вештачка интелигенција и камери кои им помагаат на машините во навигацијата. Трактори со нулта емисија издувни гасови Тракторот 9RX е наменет за големи земјоделци. Со втората генерација автономен комплет со 16 одделни камери за да се овозможи поглед од 360 степени на полето, земјоделците можат да се оддалечат од машината и да го насочат своето време на други важни работи. Напредниот комплет за автономија исто така ја пресметува длабочината попрецизно на поголеми растојанија, овозможувајќи му на тракторот да влече повеќе опрема и да вози побрзо.

Тука е и тракторот за овоштарници 5ML за прскање со воздушен млаз кој е опремен со најнов комплет за автономија со додадени Lidar сензори за решавање на проблемот со густите крошни во овоштарниците. За оние на кои им е потребно одржливо решение за своите земјоделски работи, тие го претставуваат прототипот E-Power, трактор подготвен за автономија со нулта емисија на издувни гасови. Тој е наменет за клиенти во специјализирани сектори кои се занимаваат со земјоделски посеви, производство на млеко и сточарство. Тракторот ќе обезбедува континуирани 130 коњски сили и моментален голем вртежен момент за исполнување на тешките задачи. Управување по пат на апликација Автономната батериска електрична косилка за уредување на околината  ја користи истата технологија на камерата како и другите автономни машини на Deere, но во помал обем бидејќи машината има помал отпечаток. Со две камери на предната, левата, десната и задната страна, се постигнува покриеност од 360 степени и корисникот може да се насочи на други работи.

Тие истакнуваат дека 460 P-Tier (ADT) автономен зглобен кипер е идеален за работа во каменолом. Со помош на комплетот од втората генерација, овој кипер ќе извршува повторни задачи за транспорт на материјали околу каменоломот за да се олесни различните чекори во тој процес.   Со автономните машини се управува преку мобилната платформа на John Deere Operations Center. Преку апликацијата, со повлекување од лево кон десно за придвижување, машината може да се стартува кога е поставена на соодветното место. Корисниците исто така имаат пристап до видеа во живо, слики, податоци и статистички показатели, како и можност да прилагодат различни фактори како што е брзината. “Во случај на било какви неправилности во квалитетот на работа или потешкотии со машината, корисниците ќе бидат известени на далечина, како би можеле да ги направат потребните прилагодувања”, порачуваат од таму.

Извор – Агроклуб

Може да ви се допадне

Иротова – Лазарева: Државата ќе врши набавка и ќе им ги доделува механизацијата и тракторите на земјоделците
(ВИДЕО) Агро Геа понуда: Сено – собирач/растурач
(ВИДЕО) АГРО ГЕА: Мини утоварач, одличен за работа на фарма! Можност за плаќање на рати!
Агро Геа: Резервни делови за БАЛИРАЧКИ од брендовите SIPMA, JOHN DEERE, CLASS, WELGER, LIFAM, NH, AMA Scrobatti, MF, IHC и други
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Таг:најновоопрематракториџон дир
Претходен напис Јужна Кореја забрани увоз на свинско месо од Германија поради шап и лигавка
Следен напис До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?