Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Комората не е само застапник на интересите на бизнис-секторот, туку и го институционализира гласот на бизнисот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Интервју > (ВИДЕО)Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Комората не е само застапник на интересите на бизнис-секторот, туку и го институционализира гласот на бизнисот
Интервју

(ВИДЕО)Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Комората не е само застапник на интересите на бизнис-секторот, туку и го институционализира гласот на бизнисот

Објавено 12/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Oдржливоста и развојот на компаниите, новите инвестиции, присуството на нови пазари на нашите компании се дел од темите за кои разговараат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка“ од Прилеп и почесен конзул на Украина во Македонија, во следната епизода на подкастот „Бизнис-клуб“.

Според него, едно од правилата да се биде успешен на пазарот и да се развива бизнисот е да се биде во чекор со промените и да се биде дел од нив. Во спротивно, ако не се прифатат промените, ќе има застој и полека ќе се исчезне од пазарот.

„Сигурноста и претпазливоста се најголемиот фактор за бизнисот. Во моментов воопшто не ни е тема за размислување безбедноста на капиталот. Едноставно размислуваме да се развиваме, да ја прошируваме компанијата, да инвестираме во нови погони и во нови производи и да се пробиваме на нови пазари“, истакна Наумоски, директор на една од најголемите извозно ориентирани и производствено позиционирани компании во Македонија, која со континуираната бизнис-стратегија е присутна на пазарите во 60 земји во светот, а нејзиниот производ „Стоби флипс“ е бренд со 60 % пробиеност на надворешните пазари.

„Кај нас се работи на стабилен извоз и на стабилно планирање. Ние немаме скокови ниту во извозот, ниту во домашниот пазар. Филозофијата на нашата компанија е полека да растеме, полека да ги освојуваме пазарите и да бидеме стабилни на тие пазари“

Сашо Наумоски дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, а подоцна и магистрирал на истиот факултет. Својата професионална кариера ја започнал многу млад како трговски патник во приватниот сектор, а подоцна ја основал сопствената приватна фирма „Салида“. Во прехранбената индустрија влегол со вработувањето во „Витаминка“, каде што работел на различни позиции, а подоцна станал и нејзин генерален извршен директор, позиција на која работи и денес.

Во разговорот со претседателот Азески, Наумоски ја истакнува важноста на Стопанската комора, која како институција многу значи за компанијата „Витаминка“ бидејќи претставува потпора за сите движења на стопанството и мост за балансирање на потребите на бизнисите со реалните економски случувања, а дава и решенија за надминување на проблемите. Според него, обединувањето на компаниите е една од најголемите вредности на Комората, а оттаму произлегува и другата нејзина вредност – моќта да влијае и да носи промени, затоа што Комората не е само застапник на интересите на бизнис-секторот, туку и го институционализира гласот на бизнисот и го става во концепт доволно силен и моќен да ги издејствува потребните промени и да се спротивстави на сите пречки.

„Комората значи премногу за бизнисот во Македонија. Сè што сакаме да артикулираме и да кажеме во однос на недостатоци во работењето во Македонија и за одредени промени ние го кажуваме преку Комората; сè што ни требало за странските пазари информациите сме ги добивале од Комората; сè што ни требало од едукации го имала Комората и сме го користеле максимално. Ние гледаме дека нашиот успех е многу поврзан со Комората. Голем дел од нашите резултати се должат на блиската соработка со Комората“, потенцираше Сашо Наумоски.

Од 2015 година е потпретседател на Стопанската комора на Македонија и според него стопанството треба да го добие своето место во целосниот напредок на земјата, а Комората е таа што го води бизнис-секторот низ потребните промени.

Во 2023 година станал почесен конзул на Украина во Македонија.

Може да ви се допадне

СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Азески во Загреб на конференција за технолошкиот развој, дигитализацијата и вештачката интелигенција
Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени
Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование
Германско-македонски бизнис самит
Таг:азескибизнисинтерескоморанаумоскиПодкаст
Претходен напис Кавадарци преку конкурс избира организатор на културни настани како „Тиквешки гроздобер“ 
Следен напис Отежнати услови за возење на Плетвар – патот замрзнат поради ниските температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?