Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупот на тутун завршува предвреме со над 3 милиони килограми повеќе од очекуваното
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупот на тутун завршува предвреме со над 3 милиони килограми повеќе од очекуваното
Агровести

Откупот на тутун завршува предвреме со над 3 милиони килограми повеќе од очекуваното

Објавено 10/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на тутунот од ланската реколта ќе заврши најдоцна за 15-тина дена и е речиси месец и половина порано од законски предвидениот рок кој е до крајот на февруари. Истовремено, се очекува родот да тежи и за над три милиони килограми повеќе во однос на првично очекуваните количини кои се проценуваа на околу 17 милиони килограми тутун, велат од Сојузот на тутунски здруженија, информира Алфа.

„На терен има уште околу 700.000-800.000, максимум до еден милион килограми тутун. Тој тутун се наоѓа во делот на прилепската општина, односно Долнени и Крушево, а во источниот дел веќе 90 посто е откупен тутунот“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Поволните временски услови, проценката на родот без никакви одбитоци, како и зголемената откупна цена која заедно со субвенциите достигна до 500 денари по килограм тутун, се само дел од причините кои годинава ги зголемиле откупените количини тутун. Но, според тутунарите, и покрај тоа што ваквата состојба била поволна за нив, сепак тие велат дека за годинашната реколта ќе мора да се востановат построги правила при проценката и откупот.

„Јас како тутунопроизводител со над 3 тони тутун, сум задоволен од оваа цена и од субвенциите значи, што ги најави Министерството….Ова не е откуп, значи. Треба со класи, со квалитет да се доплати, тој што има квалитет повеќе да му се доплати. Навистина, ваков откуп не е реален“, – изјави Џемал Назифоски, тутунопроизводтел од Крушево.

Повеќе на АлфаТВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:алијансаколичиниОткуптутунцена
Претходен напис Нема откуп на оризот, земјоделците од кочанскиот регион бараат средба со ресорниот министер
Следен напис Исмаиловски: Посевите се одлични, да имаше добра цена пченицата, наместо 100 ха ќе насеев 300 ха со лебно жито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?