Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН/ФАО : Можен недостиг на храна поради корона вирус
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН/ФАО : Можен недостиг на храна поради корона вирус
Агровести

ОН/ФАО : Можен недостиг на храна поради корона вирус

Објавено 07/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Специјализираната агенција на Обединетите нации за храна и земјоделство (FAO) предупреди на потенцијален недостиг на храна во светот, бидејќи некои земји, во рамките на борбата против пандемијата на вирусот Ковид -19, воведоа заштитни мерки, вклучувајќи забрана за извоз на одредени производи за да го задоволат растот на домашната побарувачка.

„Најлошо што може да се случи е владата на некоја земја да го ограничи протокот на храна“ изјавил за The Guardian, Максимо Тореро, главен економист во ФАО, додавајќи дека наскоро можеби ќе се соочиме со последици од таквиот потег.  

На приемр, Русија го запре извозот на хељда и други житни култури на десет дена, а  Казахстан го следеше рускиот пример и воведе ограничување на извозот на пченично брашно, хељда, шеќер, неколку видови на зеленчук и маслиново масло, пренесуваат руските медиуми.

Се создава „екстремна нестабилност”

Претставникот на ОН предупредува дека заштитните мерки и трговските бариери само ја влошуваат ситуацијата, создавајќи „екстремна нестабилност”.

Другиот проблем е тој што на некои земји им недостига работна сила за жетвата на посевите, делумно поради затворање на границите и мерките на изолација и ограничено движење.

Бидејќи корона вирусот коси низ Европа, земјоделците во Франција, Шпанија и Италија укажуваат на проблем дека овошјето и зеленчукот побрзо ќе созреат и ќе останат да скапуваат на нивите ако ситуацијата не се промени, пренесува Блумберг.

Одгледувачите на јагоди, веќе се соочени со тој проблем а слична ситуација можеби ќе ги снајде и производителите на зелена салата, домати, кромид и грашок.

„Корона вирусот влијае и на работната сила и логистичките проблеми почнуваата стануваат се поважно прашање “ , изјавил Тореро.

Исто така тој додава дека треба да се воведат посебни мерки за да се одржува синџирот за снабдување со храна.

Повик да не се фрла храната

Германија на која и недостигаат околу 300.000 работници, отвори специјална веб страница која на  едно место  ќе ги собере земјоделците кои имаат проблеми и оние кои можат да им помогнат.

Студентите и оние кои се приморани да не работат поради затворање на фирмите на пример во секторот услуги, се добредојдени да се придружат на оваа иницијатива.

Обичните граѓани, самите допринесуваат на зголемен недостиг на прехрамбени продукти така што создаваат залихи на храна во количини кои не можат да се изедат пред да им истече рокот на траење. Паничното купување само ја продлабочува кризата, заклучи Организацијата за храна и земјоделство на ОН, порачувајќи им на луѓето да го избегнуваат фрлањето на храна.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Недостиг на харанаонПрепораки за хранатафао
Претходен напис Следува сончево и топло време, со свежи утра
Следен напис Во светот се бележи пораст на онлајн продажбата на вино за 162%, а во Италија дури за 282%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?