Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осум македонски бизнисмени меѓу најбогатите 100 луѓе во регионот, првиот милијардер од БиХ е од земјоделскиот сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Осум македонски бизнисмени меѓу најбогатите 100 луѓе во регионот, првиот милијардер од БиХ е од земјоделскиот сектор
Агровести

Осум македонски бизнисмени меѓу најбогатите 100 луѓе во регионот, првиот милијардер од БиХ е од земјоделскиот сектор

Објавено 29/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Списанието „Недељник“, традиционално на крајот на годината ја објавува листата на 100 најбогати личности во регионот (државите кои во минатото беа дел од Југославија).

На листата на стоте најбогати, вкупно 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Северна Македонија и седум од Црна Гора. Претставниците од БиХ контролираат вкупно 6,3 милијарди  евра. Хрватските и српските бизнисмени наизменично на оваа листа се до 22. место, каде што се појавува бизнисменот од БиХ, Сенад Џамбиќ.

Новина на овогодинешната листа е што БиХ го доби првиот милијардер во евра. Имотот на Сенад Џамбиќ порасна од 892 милиони евра во 2023 година на 1,1 милијарда евра оваа година. Неговата групација „Бинго“ е компанија која во своето портфолио има бизниси со малопродажба и агро-индустрија, а само извоз-увоз на „Бинго“ вработува повеќе од 8.000 работници. Тројцата браќа Џамбиќ почнале да произведуваат мед во 1985 година. Пред војната во Босна и Херцеговина, Сенад работел како рудар, но имал билијард, флипер и покер апарати. Така е родена фирмата „Бинго“, која името го добила по здружението со почетниот бизнис. Тајната на неговиот деловен успех ја опиша Сенад Џамбиќ во реченицата: „Сè што заработувам, веднаш инвестирам“.

Меѓу најбогатите 100 лица има и осум од Македонија.

На првото место е Живко Мукаетов од Алкалоид, чија вредност за 2024 изнесува 784.183.300 евра. Мукаетов се најде на 32 место од сите бизнисмени. По Мукаетов, следува Андреја Јосифовски од Макпетрол кој е на 44 позиција со вредност од 625.492.580 евра. Потоа следува Илија Гечев од ИГМ Трејд со вредност од 573.787.416 евра.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:бихимотмилијардеримуакаетов
Претходен напис Оранжерии „Агро Кодем“ – сопствена инвестиција по европски стандарди: Во една сезона производство на 400 000 салати и 300 тони домати за извоз
Следен напис Вонредни контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?