Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вонредни контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вонредни контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
Агровести

Вонредни контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители

Последна измена: 29/12/2024 13:50
Сподели
1 мин. за читање
Сподели

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

-Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни, соопшти АХВ.

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:ахввестиугостителихрана
Претходен напис Осум македонски бизнисмени меѓу најбогатите 100 луѓе во регионот, првиот милијардер од БиХ е од земјоделскиот сектор
Следен напис Пензиите ќе се исплатат на 2 јануари, само некои пензионери ќе ги добијат порано
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?