Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година
Агровести

АЕТСМ: 63.5% од интернет корисниците направиле онлајн нарачки во 2024 година

Објавено 26/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2024 година кај нас како и во минатите години, граѓаните онлајн најмногу купувале облека, вклучително и спортска облека, чевли или додатоци како чанти и накит, соопшти Асоцијацијата за е – трговија на Северна Македонија која ги анализираше податоците објавени од Државниот завод за статистика за користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците во 2024 година, според кои се забележува пораст на направените онлајн купувања/нарачки за 10 процентни поени.

Дури 63.5% од македонските интернет корисници нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци наспроти 53.5% во истиот период минатата година.

Како што објави АЕТСМ, 90.2% од домаќинствата имале интернет пристап наспроти 88% во истиот период минатата година, додека 91.2% од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет наспроти 85.3% во истиот период минатата година (Државен завод за статистика, 2024). При тоа, 92.2% од мажите користеле интернет наспроти 90.2% од жените во истиот период. 76.4% од Македонците користеле интернет неколку пати во текот на денот, и тоа 78.3% од мажите и 74.6% од жените.

Македонците, како што се посочува, интернетот најмногу го користат за зборување, социјални мрежи и праќање инстант пораки. Дури 94.6% од нив го користат интернетот за телефонирање преку интернет/видеo повици (преку webcam; употреба на апликации, на пример, Skype, Facetime) наспроти 89.2% минатата година. 87.6% од Македонците користеле инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Messenger, WhatsApp, Viber наспроти 75.2% минатата година. Учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или друго на Фејсбук, Инстаграм, Твитер/X итн.) имале 84.2% од интернет корисниците спрема 76.9% минатата година. Забележано е и зголемување на користењето на интернетот за скоро сите активности. Намалување на користењето на интернетот има за информации поврзани со здравјето (повреда, болести, исхрана, подобрување на здравјето итн.), кое е намалено на 55.5% од интернет корисниците во 2024 година, споредено со од 67.7% минатата година. Од друга страна пак, 53.2% од интернет корисниците праќале/примале електронска пошта (e-mail) наспроти 44% од интернет корисниците минатата година, 72.5% барале информации за производи/услуги наспроти 54.2% минатата година, а особено значајно е дека 13.7% од интернет корисниците учествувале во продажба на производи или услуги, преку аукции како што е на пр. eBay.com наспроти само 6.8% кои учествувале минатата година. Дополнително, забележано е зголемување користењето на интернет банкарство од 40% од Македонците, наспроти 32.8% минатата година.

Во однос на полот, жените повеќе сакаат да зборуваат и да праќаат инстант пораки, но и да бараат информации за производи и услуги поврзани со здравјето, додека мажите повеќе ги користат социјални мрежи, повеќе продаваат производи или услуги онлајн, на пр., преку аукции: eBay и повеќе практикуваат интернет банкарство.

-Најновите податоци на Државниот завод за статистика ни покажуваат дека Македонците се повеќе го користат интернетот, но она што е важно дека е зголемено користењето на интернетот за праќање на е-пошта, за барање информациии за производи и услуги, и најважно, за онлајн продавање на производи и за интернет банкарство. Она што најмногу нѐ интересира е онлајн купувањето кое забележува пораст од 10 процентни поена, како и зголеменото купување на повеќе категории на производи. Зголемената понуда на атрактивни промоции и појавата на нови играчи на пазарот го раздвижува онлајн пазарот и се повеќе интернет корисници го користат интернетот за онлајн купување, истакна претседателката на АЕТСМ, д-р Нина Ангеловска Станков. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:2024 година63.5%АЕТСМонлајн нарачки
Претходен напис Поради снежни наноси непрооден патот од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“
Следен напис Во срцето на Овче Поле – „ИЛИЕВСКИ ВИНАРИЈА“, нова ѕвезда на македонското винско небо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?