Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Олгица и Јоцо Мицови од Зрновци: Почнавме од нула, со слога и работа спечаливме куќа, фарма, купивме ниви и трактори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Олгица и Јоцо Мицови од Зрновци: Почнавме од нула, со слога и работа спечаливме куќа, фарма, купивме ниви и трактори
Агросектор

Олгица и Јоцо Мицови од Зрновци: Почнавме од нула, со слога и работа спечаливме куќа, фарма, купивме ниви и трактори

Објавено 25/12/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Олгица и Јоцо Мицови од село Зрновци – Кочанско се земјоделски производители кои обработуваат 12 ха површина со пченка и имаат фарма со околу 100 грла кози.

Нивната приказна е инспиративна во едноставноста.Се запознале и засакале млади, кога буквално немале ништо, а со нивната љубов, слога и многу работа успеале да изградат куќа, да купат земја, да изградат фарма, да набават земјоделска механизација, два трактора, два автомобила и се она што значи еден убав земјоделски живот

Тие станаа сопственици на нов трактор „Солис“ од компанијата Хемометал, а нивната заедничка фотографија до новиот трактор, беше како трофеј на една успешна работа, посветеност и пожртвуваност каква што имаат луѓето кои со љубов се занимаваат со земјоделско производство и особено ако чуваат жива стока.

-Кога ни почна заедничкиот живот, бев без државна работа и немав речиси ништо, но поддршката од сопругата е многу важна. Заедно со неа, во слога, многу работевме, па и ден денeска е исто. На 12 ха произведуваме пченка и тоа со рекордно високи приноси, просечно 10 -11 тона од ха. Но јас многу вложувам во производството, ги извршувам сите агротехнички мерки, инвестирам и затоа имам високи приноси. Многу е важен семенскиот материјал и тука мислам дека треба да се поведе повеќе сметка околу квалитетот. Исто така останува проблемот со наводнувањето за кој постојано апелираме до сите министри да се подобри состојбата. Системите за наводнување се застарени и тоа сериозно ни ја отежнува работата. Сега новиот министер ветува дека ќе инвестираат во системите за наводнување, па да се надеваме дека ќе биде подобро – вели за Агротим, Јоцо Мицев.

Тој додава дека ова поднебје е одлично за производство на градинарски култури, особено со врвен квалитетет се произведува праз, потоа пиперка, пченица, грав…Она што е потребно е само добра организираност и повеќе да се обрне внимание на земјоделецот и земјоделското производство.

-Професионалност во производството мора да има и модерна механизација. Затоа и парите што ги заработивме годинава си нов трактор Солис 75 за кој имав информации од мој пријател што имаше исто таков трактор и беше многу задоволен. Од компанијата „Хемометал“ сме многу задоволни, одлични услови и попуст добивме и ни го донесоа дома. Перформансите се одлични, се надеваме дека долго ќе не служи и ќе заработиме уште повеќе со него – вели Мицов.

За сопругата Олгица прашањето околу фармата со кози. Какви се предизвици има фармерството, што значи земјоделското производство воопшто за една жена, дали има слободно време.

-За жена во село секогаш има работа, особено ако се занимава со сточарство нема воопшто слободно време. Имаме син кој живее во Германија и најмногу што можевме е да одиме на еден викенд да се прошетаме и да се видиме. Моравме да се вратиме заради козите оти сами со сопругот ние двајца работиме се.

Чуваме околу 100 грла кози, со нив сме постојано ангажирани како со секоја жива стока, нема слободен ден. Млекото го предаваме во млекара „Делчево“ и сме многу задоволни од нашата соработка. Цената се движи од 31-33 ден/литар, имаме лактофризер, од дома ни го земаат млекото, ако имаме некаков проблем, било финансиски или друго, секогаш се тука да ни помогнат. Исто така правиме и сирење но не многу затоа што немам време. Тоа е обично во октомври – ноември, до јануари ќе стаса и после имам стални купувачи кои си купуваат од сирењето – вели Олгица, а од нас информацијата ако некој сака да набави од нивното сирење може да ги контактира на 078 832 065. Агротим е секогаш тука да помогне во пласманот на земјоделските производи.

За крај на разговорот со нив и прашањето за нивните планови за иднина. Одговорот повторно едноставен а единствено точен.

-Планови има, само здравје и среќа треба. Животот што ќе ни донесе, тоа ќе биде. Наше е да работиме и да се надеваме на убава иднина. – велат овие прекрасни луѓе.

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
АгротимПРО: Центар за поголема финансиска достапност, понуда на земјоделска механизација и идеи за агробизниси
НОВО во Хемометал: ТРОРЕДНА САДАЧКА ЗА ТУТУН!
Таг:traktorЗрновцимеханизацијасолисхемометал
Претходен напис Митко Јанчев: Македонија добива нов скијачки центар ,,Михајлово”
Следен напис Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?