Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Препорака за домашните миленици за време на пандемија од COVID 19
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > АХВ: Препорака за домашните миленици за време на пандемија од COVID 19
Совети

АХВ: Препорака за домашните миленици за време на пандемија од COVID 19

Објавено 06/04/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со појавата на пандемијата на вирусот COVID-19, од особено значење е да се сочува не само личната хигиена, туку и хигиената на домашните миленици и просторот во кој тие престојуваат. За таа цел, потсетуваме на неколку генерални правила, до кои, особено во овој момент, треба да се придржуваат сопствениците на домашни миленици.

Садовите за храна и вода на домашните миленици треба секојдневно да се мијат, креветот на миленикот треба секојдневно да се чисти со правосмукалка, бидејќи истиот е магнет за собирање влакна од милениците, но и нечистотија која тие преку своето крзно ја внесуваат во домовите. Во исто време, од особена важност е сопственикот често да го пере креветот на неговиот домашен миленик, користејќи средства кои не се штетни за животните, а, кои истовремено обезбедуваат дека креветот е убаво измиен и дезинфициран, по секој директен контакт – (хранење, играње, чешлање) со домашниот миленик, задолжително треба да се измијат рацете со млака вода и сапун, сите играчки на домашниот миленик треба редовно да ги мијат за да се направи нивна дезинфекција и да се спречи тие да привлекуваат и бидат носители на штетни бактерии и мувли, по секоја прошетка, задолжително треба да се измијат шепите на миленикот со специјален шампон за животни, а редовно потребно е да се прави и дезинфекција на неговото крзно.

За да не се нарушат секојдневните рутини на домашните миленици, препорачливо е да бидат обезбедени доволни количини храна, вода, лекови и препарати за заштита на здравјето, со цел избегнување на честа посета на ветеринар заради нивна набавка, спречување на изложување на милениците и остварување на непотребен контакт со други лица.

Доколку за времетраење на пандемијата на COVID-19, домашниот миленик има потреба од итен ветеринарно – медицински преглед и/или третман, потребно е сопственикот прво телефонски да го контактира матичниот доктор по ветеринарна медицина, да го извести за тоа и да добие понатамошни упатства за постапување.

Во услови на пандемија со овој вирус, но и фактот дека животните и луѓето понекогаш можат да шират болести познати како зоонози, се препорачува луѓето кои се заболени од  вирусот COVID-19, или сомнителните на оваа болест кои сево   изолација, да го ограничат, односно да избегнуваат близок контакт со домашниот миленик и други животни и да обезбедат друго лице кое ќе води сметка за миленикот. 
Доколку сепак тоа мора да го сторат, да одржуваат добри хигиенски практики, односно да носат маска за лице и ракавици. 

Препорачливо е животните чии сопственици се болни од корона вирусот да се чуваат во затворен простор, колку што е тоа можно и да се избегнува контакт на животните со други домашни миленици.
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука и ја измени Уредбата за ограничено движење со цел да им излезе пресрет на луѓето со домашни миленици.


Така за викенд за времетраење на полицискиот час (од 16,00 до 5,00 часот), сопствениците, ќе може да ги шетаат милениците од 20:00 до 20:30 часот, но, само до 100 метри оддалеченост од домот на сопственикот.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Таг:ахвДомашни миленициСовети за домашните миленици за време на КОВИД 19Хигиена кај милениците
Претходен напис АХВ подготвена за отворање на поглавјето 12
Следен напис МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“
1 коментар 1 коментар
  • Oliver напиша:
    на 14/04/2020 г. во 12:39 часот

    me interesira od kaj vi e slikata na postov deka pred mesec ipol najdov isto takvo kuce a nikade ne e objaveno deka nekoj go izgubil a isto e kako kuceto na postov ako moze da iskocitr vo presret da se najde sopstvenikot na kuceto bi bilo super

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?