Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ подготвена за отворање на поглавјето 12
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ подготвена за отворање на поглавјето 12
Агровести

АХВ подготвена за отворање на поглавјето 12

Последна измена: 06/04/2020 11:52
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство е подготвена за отворање на Поглавјето 12 – Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, од преговарачкиот процес за пристапување на земјава кон Европската унија, согласно новата методологија на Европската комисија. По неколкукратните позитивни извештаи на Комисијата за постигнатиот напредок во евро – интеграциските процеси за Поглавјето 12, по одлуката на Министрите за европски прашања на ЕУ да дадат зелено светло за започнување на преговори за членство во Унијата со Северна Македонија, невладината организација Институт за европска политика од Скопје – ( ЕПИ), направи анализа за подготвеноста на земјава за започнување на преговорите со ЕУ, споредено со останатите земји од Западен Балкан, вклучително и за поглавјето 12.

За ова поглавје, во поглед на квантификацијата на нивото на подготвеност според извештаите на Европската комисија, за кое Република Северна Македонија доби оценка 4 – (напреднато, во напредна фаза) и ЕПИ во анализата посочува дека нашата земја предничи пред Црна Гора, која преговорите со ЕУ ги има почнато уште во 2012 година, а која  заедно со Република Србија, со отпочнати преговори со ЕУ во 2014 година, за ова поглавје се оценети со 3 (умерено напредно ниво).

Оценка 2  (не е многу напреднато, напредува, полека напредува), за Поглавјето 12, според ЕПИ, имајќи ги во предвид извештаите на ЕК, имаат Косово и Босна и Херцеговина како потенцијални кандидати за членство во Унијата, заедно со соседна Албанија. Оваа држава во 2018 година ја доби првата препорака за отпочнување на преговори за членство со Европската унија, за разлика од Македонија која препораката ја имаше добиено уште во 2009 година.

И со последниот Извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциските процеси, во поглед на Поглавјето 12, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, ЕК даде одлична оценка и го потврди доброто ниво на усогласеност на националните политики на земјава од областа на безбедноста на храната и благосостојбата на животните. Со ваквата оценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава, кои со последниот Извештај на ЕК,  добија највисока оценка за напредокот во евро – интегративните процеси.

Може да ви се допадне

Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Поскапуваат горивата
Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Сообраќајот непречено, по суви коловози
Таг:ахвАХВ спремна за поглавјето 2еупоглавјеПочеток на преговори
Претходен напис Германија ќе носи сезонски работници со авиони
Следен напис АХВ: Препорака за домашните миленици за време на пандемија од COVID 19
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?