Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преку Регионалните стопански комори на Битола и Прилеп ќе се брендираат производите од Пелагонија за пласман на домашниот и странскиот пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Преку Регионалните стопански комори на Битола и Прилеп ќе се брендираат производите од Пелагонија за пласман на домашниот и странскиот пазар
Агровести

Преку Регионалните стопански комори на Битола и Прилеп ќе се брендираат производите од Пелагонија за пласман на домашниот и странскиот пазар

Објавено 07/12/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регионалните стопански комори на Битола и Прилеп формираа Алијанса на безбедна и здрава храна со географско потекло од Пелагонија, преку која ќе се брендираат производите во Пелагонискиот и Преспанскиот регион за подобар пласман на домашниот, како и на странските пазари. 

-Она што оваа иницијатива сака да го направи е бда ја брендираме храната која доаѓа од Пелагонија и од Преспа. Тоа значи дека, на некој начин, ќе се воспостават стандарди и регулативи кои ќе ги исполнуваат нашите компании и нашите производители и со еден печат „Произведено во Пелагонија“ тоа би требало да се пласира понатаму кон странските пазари, вели Никола Мариноски, претседател на прилепската Регионална стопанска комора.

Алијансата изгласа управувувачки совет во кој членуваат регионалните стопански комори од Битола и од Прилеп, бизнис академијата „Смилевски“, претставници од Министерството за земјоделство, како и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Управувачкиот совет, генерално, ќе го менаџира овој процес. Исто така, се формира и развоен тим во кој, покрај членовите на Управувачкиот совет, членува и Пелагонискиот плански регион, компаниите, производителите и сите заедно треба да воспостават правилник и стандарди во врска со тоа како ќе изгледаат производите во иднина.

-Сметаме дека во текот на наредната година ќе ги имаме сите работи стандардизирани. Во зависност и од поддршката од државата, се надеваме дека до крајот на наредната година ќе го имаме тој печат, така да го наречам, за производи произведени во Пелагонија и Преспа. Производите ќе бидат високо заштитени, со сертификат за безбедност на храна, имаме поддршка и од националната координаторка при Владата за безбедна храна, сметаме дека ова ќе ги заштити нашите производители, објаснува Мариноски.

Филип Димкоски, агроном од Прилеп ја поздравува иницијативата, за што земјава треба да го истакне најдоброто, односно производството на здрава и безбедна храна.

-Со оглед на тоа што, сметам, како држава треба особено да го истакнеме квалитетот на производите со кои можеме да се претставиме и на домашниот, и на меѓународниот пазар, брендирање производи со географско потекло, во конкретниов случај во Пелагонија и од Преспанскиот регион, би значело претставување во меѓународни рамки на она што е навистина препознатливо на нашата држава. Тоа е квалитетна храна која ќе даде поттик и на производителите да се погрижат да работат на квалитетот, а од друга страна, ќе обезбеди дополнителен развој на економијата, вели Димкоски.

Димкоски нагласува дека треба соодветно место да имаат малите производители.

-Тука би рекол дека компаниите, асоцијациите, здруженијата, кои се вклучени за спроведување на овој проект, брендирање производи со географско потекло, треба да обрнат внимание и на малите производители, во никој случај да не ги запостават, зашто само со меѓусебна соработка и со меѓусебни консултации во однос на она како треба да се претставиме на странскиот пазар, би имале успех, смета Димкоски.

Производите ќе ги преработуваат Пелагониските компании, ќе ги користат фондовите од регионалните комори, или пак, државни и ќе бидат подобро промовирани и на локален и на странски пазар.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:БитолапазарПелагонијапласманприлепстопански комори
Претходен напис УХМР: До крајот на денот врнежите ќе престанат, нови ќе има од утре попладне, пообилни во западните делови
Следен напис Драматично снежно невреме доаѓа од Атлантикот кон Европа, а на удар е и Западен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?