Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со неговиот колега Јоковиќ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со неговиот колега Јоковиќ
Агровести

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со неговиот колега Јоковиќ

Објавено 29/11/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и неговиот црногорски колега Владимир Јоковиќ денеска во Црна Гора потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделство помеѓу министерствата.

Согласно потпишаниот Протокол, двете земји во областа на земјоделството (градинарството, сточарството, овоштарство, лозарство и заштита на растенија), руралниот развој, ветеринарство, безбедноста на храна, прехранбената индустрија, водостопанството и шумарството ќе овозможат: размена на научни и технички информации и документација; размена на резултати од истражувањата публикувани и верификувани од страна на овластените институции, како и воспоставување директни заеднички активности на споменатите институции; размена на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточарство.

Со Протоколот исто така е предвидено двете министерства да разменат искуства во земјоделската политика, надворешно – трговската размена, специфични мерки на поттикнување и заштита на производството, земјоделството и извозот на земјоделски производи.

Освен тоа, предвидено е и поддршка и заеднички ангажман во креирањето, пронаоѓањето на средства за финансирање и реализација на регионални проекти; развој на организации на производители и здруженија на земјоделците; развој на советодавните служби и друго.

За период од еден месец по потпишувањето на Протоколот, ќе се формира заедничка Работна група, со задача континуирано да ја следи и поттикнува реализацијата на соработката.

– На првата седница членовите од Работната група ќе одлучат за планот на активности во врска со договорените области на соработка. Работната група ќе одржува редовни седници најмалку два пати годишно наизменично во двете земји. Соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се продлабочува во наредниот период, известуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЈоковиќпротоколсоработкаТрипуновскиЦрна Гора
Претходен напис Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот, обезбедени се парите за исплата
Следен напис (ВИДЕО) Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?